Пред да започнам со овој пост би сакал да им честитам Божиќ на сите колеги форумџии кои го слават по католички календар.
Е сега 2-3 слики, чисто да не кажете дека не работам
Прво го набавив ова за подесување на саатот на дигифизот:


Друго, една добра вест, дигифизот е пробан и работи како што треба, незнам дали спомнав овде но кога го купив ми беше продаден со сомневање дека може да е неисправен, но ете се испадна добро.
Следно почнав да ја растурам предната траверза.

Треба да ја носам на пескарење заедно со задниот трап, па на електростатско фарбање за полека да се спремаат. Планот е штом колата се среди долната страна на патосот и подкрила, да се офарба таму и да се офарба внатрешноста и кошот па да се спушти на тркала и да оди во комората.
Инаку барам издувна грана од АБФ мотор 16В од Голф 3 како на сликата долу, ако има некој да понуди нека крене глас.
