Уште некој апдејт за она што се работи. Се средува капакот на вентилите горе од моторот и усисната грана.
Два од моторите што ги имам се со потесната усисна грана од 42мм а еден е со поголемата од 50мм, па се решив за поголемата усисна грана каде разлика се осеќа на повисоки обртаи за разлика од потесната која е пожива на пониски.
Фабрички буквите на KR моторот се офарбани во небесно плава боја, но јас решив да направам одстапка и одбрана е Mistik Blue Perl боја, која е фабрична боја за Голф 3 и е перла прелива на темно плаво и лиљакова боја.

Горниот дел кој што сега е малку офарбан ќе се исполира, а остатокот од граната ќе биде офарбан во металик сива боја од причина што во порите на алуминиумот има навлезено мн нечистотија и неможе да се очисти ни исполира.

Ставено во огнотопорен филер.

Со ова ја заклучуваме оваа календарска година мислам. Доколку има некои новости ќе постирам повторно
