После извозен еден резервоар импресии:
- ладен старт, не знам, потопло е времето и се е како што треба, на зима ќе видиме
- од 1000-2000 вртежи подобро и помазно „прима“, нијанса е работата ама заприметлива за мене
- при мала гас на блага надолнина во град, или бавно возење, се случуваше некогаш да се збуни како да добиваше и губеше гориво во секундата, како да трокира, ама со додавање гас или целосно отпуштање се средуваше работата, а после адитивот ваква ситуација многу ретко се случува.
- потрошувачката не можам со сигурноста да кажам дека се намале, пошто неможам уште многу да ја спуштам и возењето ми беше претежно на отворено, евентуално за децимала, две ако ми падна, па со позатнати дизни и трошаџии некои ако се можеби и за литар ќе намалат, појма немам.
Ама дефинитивно имав мали подобрувања за разлика од адитивите што ги турав во резервоар. Со нив никаква разлика.