Автор Тема: Чистење дизни, адитив да или не ?  (Прочитано 25627 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #45 на: 18 Мај 2020, 13:50:34 pm »
Како беше ветено, така и направено. При промена на филтерот го наполнив преку доводот со адитивот, не го собра цел од 0.5l, туку 0.4l, и го монтирав филтерот на кола. Напумпав на пумпица за да се наполнат цревата и ја запалив колата да поработи некоја минута во место.

Потоа со возење на 2000рпм, 3-4км,
па на угорница 3-та 4700рпм 1км, тука можи и се потроше, а можи и порано,
па на угорница 4-та 3700рпм 2км.

Немав мака, па ефект не знам засега, евентуално на ладен старт ќе заприметам наредниот пероид дали ќе работи помазно и потрошувачка дали ќе смени.


Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #46 на: 23 Мај 2020, 13:41:23 pm »
Истото срдство го ставив во полн резервоар(после направен мал сервис), и возев малку на отворено да ја издувам и потрошив танкот. на Борд ми кажува помала потрошувачка за 0.4 литри во просек(не му веруем на бордот никако), али како и да е ништо не кошта(350 ден) по едно конзервиче во два месеци. Мислам дека има подобри ефекти на моторот,посебно при палење.
>>>>><<<<<

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #47 на: 07 Јули 2020, 08:24:33 am »
После извозен еден резервоар импресии:

- ладен старт, не знам, потопло е времето и се е како што треба, на зима ќе видиме
- од 1000-2000 вртежи подобро и помазно „прима“, нијанса е работата ама заприметлива за мене
- при мала гас на блага надолнина во град, или бавно возење, се случуваше некогаш да се збуни како да добиваше и губеше гориво во секундата, како да трокира, ама со додавање гас или целосно отпуштање се средуваше работата, а после адитивот ваква ситуација многу ретко се случува.
- потрошувачката не можам со сигурноста да кажам дека се намале, пошто неможам уште многу да ја спуштам и возењето ми беше претежно на отворено, евентуално за децимала, две ако ми падна, па со позатнати дизни и трошаџии некои ако се можеби и за литар ќе намалат, појма немам.

Ама дефинитивно имав мали подобрувања за разлика од адитивите што ги турав во резервоар. Со нив никаква разлика.

Отсутен JezuzNoChill

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #48 на: 08 Октомври 2020, 00:07:03 am »
Да видиме некој компетентен да даде одговор на ова прашање, мада liqui moly имат напрвено специјален адитив за нафта кога се менува филтерот за нафта... и уште една работа, чистење на дизни се врши на сличен начин сам со вадење на дизни и пуштање еден вид на адитив низ нив, или со ултразвук, што пак не би требало да расипе било што.

https://www.liqui-moly.com/en/press/press-releases/detail/news/professional-solution-for-changing-a-diesel-filter-1792.html

Ако има негде да се купи ќе го пробам наредната недела и ќе ви пишам искуство.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7070
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #49 на: 08 Октомври 2020, 00:13:12 am »
Да видиме некој компетентен да даде одговор на ова прашање, мада liqui moly имат напрвено специјален адитив за нафта кога се менува филтерот за нафта... и уште една работа, чистење на дизни се врши на сличен начин сам со вадење на дизни и пуштање еден вид на адитив низ нив, или со ултразвук, што пак не би требало да расипе било што.

https://www.liqui-moly.com/en/press/press-releases/detail/news/professional-solution-for-changing-a-diesel-filter-1792.html

Ако има негде да се купи ќе го пробам наредната недела и ќе ви пишам искуство.
Ако го најдеш пиши каде го има.

Отсутен orce6624

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #50 на: 21 Октомври 2020, 07:04:17 am »
Го има во продавницата на ликви моли во аутомакедонија во кисела вода

Отсутен Popovski

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #51 на: 21 Октомври 2020, 22:49:55 pm »
Возам е90 дизел 163к. Кога го тргнав капакот од моторот имаше нафта насоберено околу дизните. Мајсторот кажа втората дизна дека диша негде и пушта гориво и ме прати на бошист во кавадарци. Сакам да прашам дали некој имал ваков проблем?

Колата убаво си работи, немам проблем со палење и слично. Но еве во кавадарци можат да ми средат дури наредна недела, па дали е лошо така да се вози за моторот/цилиндрите? Ако имал некој ваков проблем нека сподели.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #52 на: 22 Октомври 2020, 08:39:56 am »
На тој мотор од каде да се почни со проблемите.
Со среќа.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #53 на: 22 Октомври 2020, 09:21:15 am »
На тој мотор од каде да се почни со проблемите.
Со среќа.

Тој е постариот мотор на БМВ, пред фејслифт. Не е оној со проблематично ланче што мислиш ти. ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #54 на: 22 Октомври 2020, 09:38:24 am »
На тој мотор од каде да се почни со проблемите.
Со среќа.

Тој е постариот мотор на БМВ, пред фејслифт. Не е оној со проблематично ланче што мислиш ти. ;D

Сигурен си дека овај е подобар?
;D

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #55 на: 22 Октомври 2020, 14:13:54 pm »
има шајбни на дизните кои притискаат на блокот, најверојатно се за замена само тие ако ти тече,нафта од нив, ако има во дупките базенче

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #56 на: 22 Октомври 2020, 14:22:15 pm »
Treba da se predihtova,sajbnite da se smenat.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
    • proskytv.net
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #57 на: 12 Декември 2024, 21:41:10 pm »
Момци здраво,

Дали некој го има користено ова средство за чистење на дизни и дали е ок ?
Diesel Injector Cleaner
Го има на макптреол 1200 денари па би сакал да го пробам дали ке има некој ефект врз возилото.


Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5898
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #58 на: 12 Декември 2024, 21:54:01 pm »
Превентивно, да. Црната серија е подобра.
Едит:

Еве кој е појак адитив, колку поголема концентрација на PEA, толку подобро дејство.
Еве тука сум пишал, иако од некои сум добил критика, мада видеото доволно објаснува, а тие нека се смеат колку што им душа сака.

Колку поволема концентрација на PEA-толку подобро чистење:

 
Цитат
Разгледај за што е. Пролајн е за редовно одржување, а овај го користат поинаку, а може и во резервоарот да се стави. Се разредува многу, има висок концентрат на PEA.

Инаку на Ликви Моли на фб пиши им, ќе ти пратат.

Едит: Сум го помешал со Purge. Еве видео:

Еве и видео околу адитивот погоре - концентрација на PEA.

Еве и линк со табела - https://bit.ly/3Sgbh0m

Еве повеќе околу Diesel Purge (иако не е дел од Про-Лајн серијата), ова е едно од многуте видеа, а ги има доста, па останатите нека си споредуваат со Пролајн слободно:

« Последно менување: 12 Декември 2024, 22:25:57 pm nestor04 »

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Чистење дизни, адитив да или не ?
« Одговори #59 на: 12 Декември 2024, 21:59:29 pm »
Ама би требало црното да е таа цена а не ова 🤔