Претпоставувам дека Велостеров треба да биде конкуренција на DS4. Мислам дека Хјундаи го нема имиџот за да продава вакво возило по таа цена.
Девојка ми го виде во живо и рече дека и изгледал како грда копија на Меган купе. А и мене ми личеше на нешто од стилот лоша копија на ДС3/4.
Баш влече накај Меганот. Пошто го гледаше во салон, внатре како е со седење, материјали и со што стартува како основен мотор?
Не DS4 оди на полукс. клиентела, овие ваљда не. Ама ке им се слизне ценава за 2-3 илјади и тоа во година дена.
Баш затоа претпоставив, ако може да дрпне нешто од полуксузната клиентела. Инаку не гледам друг конкурент.
Веројатно не... Најоптимистички е таргетиран како конкурент на Scirocco... Што некако не ми се верува дека ќе успее. Башка, за 20.000 нешто олку грдо... Не би рекол.
Неможам да го ставам едно до друго со Широко. Ај да го видам во живо, па ќе видиме.