Елантрата ме изненади многу позитивно со квалитет на финална обработка, користени материјали и дизајн.
Велостерот е грд, но агресивен. На самата прес конференција си кажаа дека сакаат да се натпреваруваат со Широко, Меган Купе, Хонда ЦРЗ и Астра ГТЦ. Времето ќе покаже.
Еве и некои мои фотки.
Кај велостерот приметив некои пропусти во финална обработка кои не ми се свиѓаа (расклатено копче за заклучување на вратите од внатрешна страна), и црните сензори за паркирање (можеле да ги офарбаат во боја на каросерија), али воглавно е многу добро склопено.
Елантрата со добро ниво на опрема (GLS) и тој 1.6 литарскиот мотор кошта околу 15.500, што е сосем разумна цена. Но во класата веќе има докажани модели (Lancer, Cruze), а тука се и Civic Sedan & Јетта, а ваљда ќе се појави и астра седан, меган седан, итн...