Автор Тема: Помош при избор  (Прочитано 30448 пати)

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #15 на: 05 Јануари 2016, 10:48:14 am »
Сериозен сум, да. Исти се Рапид и 308, ако не е и во некои работи подобар Рапидот од 308. Ама ете да не речам подобар ќе речам дека е ист.
Помал е во димензии.

Во овластен сервис на VW прашај си, ќе ти кажат тие за расипливоста на 1.2 тси. А може да дознаеш и по форуми.

Имаше акција за 308, мислам дека беше околу 14500 дизел, ама не ме држи за збор.  

Близнакот го немам возено, но е 14.000:
http://www.citroen.com.mk/promotsii/nova-dizel-ponuda/
Баш сакам да проверам, ако викаш дека има поплаки на форумов, не сум видел. Во сервис ако даваат такви податоци, во салон нема ниедна кола да продадат.

Инаку, релативно ефтините дизели на оваа класа на кола обично одат во комбинација со очајно ниво на опрема, гумен волан, црни рачки на вратите и дигитален саат...дизел од оваа класа под 16 000, тешко...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Помош при избор
« Одговори #16 на: 05 Јануари 2016, 10:58:33 am »
Не го заборавај Фокусот. Значително подобар е од 308/ц4 и слични. Голф и Фокус гледај главно.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Помош при избор
« Одговори #17 на: 05 Јануари 2016, 11:00:35 am »
Фино конкретизирање на моделите - и двете коли кои си ги избрал се одлични, во контекст на нивната класа.

Единствена реална забелешка што ја имам кон 308 е никавиот мануелен мењач. Во споредба со конкурентите е лабав, непрецизен и со комично долг од. Тебе можеби нема да ти смета. Иначе, гледам фино е опремено количето. Малиот волан или ти одговара, или не. Мене не ми сметаше, напротив - дури ми се свиѓа. Секако, мора да биде обложен со кожа, иначе е ко пластичен волан за пред компјутер. Наш тест: http://www.carclub.mk/2014/06/24/test-peugeot-308-1-6-hdi-access-ako-ne-mozes-da-gi-pobedis-pridruzi-im-se/

Голфот со 1.2 TSI е сосема океј комбинација. Освен што има на изглед неубави седишта (ама се комотни), мене ми изгледа внатре подобро од 308-цата. Не знам дали сега има Bluetooth стандардно (пошто гледам дека за цената 308 има), ама генерално тука се некаде со опрема. Еве наше тестче: http://www.carclub.mk/2014/03/21/test-volkswagen-golf-1-2-tsi-trendline-voved-vo-golf/

Како и да е, и двете коли се супер. Стварно супер. Нема да згрешиш со било која - на крајот ќе се сведе на тоа која кола повеќе ти се свиѓа на изглед. Јас би додал и Ford Focus во комбинација - со фејслифтот го средија визуелно ептен, најдобар е во класата за возење, има релативно ниски трошоци за одржување и може да се добие за добра цена, само треба да се праша на вистинско место. ;)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Помош при избор
« Одговори #18 на: 05 Јануари 2016, 11:13:34 am »
Не ги отпишувај Хјундаи и30 и Киа Сид, имаат што да понудат за парите.

Исто така, би фрлил поглед накај Сеат, би ме заинтересирало кој Леон имаат да го понудат за таа цена.

Форд не ретко прават интересни акции, така да, освен ако не ти е одвратен изгледот на Фокусот (никој нема да ти замери ако ти е :) ), имај го и него предвид.

Дени, сериозен си со споредбата на кантата (така да ја наречам) рапид со 308-ца????

Не дека е толку лош рапидот, ама споредувај ги со класи подоле...
Сериозен сум, да. Исти се Рапид и 308, ако не е и во некои работи подобар Рапидот од 308. Ама ете да не речам подобар ќе речам дека е ист.

За жал, некој ќе го прочита ова и ќе си помисли стварно дека е така. Толку од „CARclub не е заебанција“.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #19 на: 05 Јануари 2016, 11:16:14 am »
Незнам дали последниве Киа и Хјундаи се поцинкувани, убаво провери си ако гледаш од тие коли. Дури и Лада Нива е поцинкувана од 2013година па навака.
Мислам дека не беа едно време, сега може почнале и они.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Помош при избор
« Одговори #20 на: 05 Јануари 2016, 11:16:39 am »
Менувачот на тест 308цата што ја возев беше 'како на голф', многу прецизен, убав на фат, со клик. Воедно ова е прв менувач на французин да ме воодушеви. Најверојатно пред да дојде до редакцијата на carclub, стотината тест возачи му го зеле здравјето.

Имаше попусти и за 308, така да почекај, ќе го земеш доста поевтино на наредна кампања.

Секако види и Фокус, најновиот има одлична изолација и убаво се вози.

Ако сакаш атмосферец, само Ceed/I30. И да не се поцинкувани нема да имаат проблем во МК барем 10 години.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Помош при избор
« Одговори #21 на: 05 Јануари 2016, 11:19:17 am »
- Ни јас не би избрал Рапид пред 308.
- Мислам деа i30 и Ceed се поцинкувани.
- Фокус е одличен избор, веќе спомнавме.

308-цата што ја возевме беше со компир ниво на опрема. Треба да земеме наскоро поопремен модел на тест, па ќе пренесам импресии.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #22 на: 05 Јануари 2016, 11:25:36 am »
Ако е вистина дека се поцинкувани, тогаш станале конкурентни возила! Тоа е многу важен податок. И голем чекор напред. Секако јасна поткрепа мора да се има, да не се базираме на рекла-казала дека е така.
Автоматски Сид влегува во избор, ама нашиот (стариот) беше зарѓан на многу места после 5 години. Не би сакал да препорачам возило на кое тоа ќе му се случи.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Помош при избор
« Одговори #23 на: 05 Јануари 2016, 12:01:43 pm »
Менувачот на тест 308цата што ја возев беше 'како на голф', многу прецизен, убав на фат, со клик. Воедно ова е прв менувач на французин да ме воодушеви. Најверојатно пред да дојде до редакцијата на carclub, стотината тест возачи му го зеле здравјето.
Зар може до толку да му се земе здравјето само во тест период?

Повеќе ми личи на две субјективнимислења околу мењачот.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Помош при избор
« Одговори #24 на: 05 Јануари 2016, 12:03:44 pm »
Менувачот на тест 308цата што ја возев беше 'како на голф', многу прецизен, убав на фат, со клик. Воедно ова е прв менувач на французин да ме воодушеви. Најверојатно пред да дојде до редакцијата на carclub, стотината тест возачи му го зеле здравјето.
Зар може до толку да му се земе здравјето само во тест период?

Повеќе ми личи на две субјективнимислења околу мењачот.

Немаш претстава на каков се’ начин се „возат“ тест возилата.

Нормално дека зависи од чоекот што седнал зад волан, ама баш тука е уствари „најслабија карика“ :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Помош при избор
« Одговори #25 на: 05 Јануари 2016, 12:08:32 pm »
Менувачот на тест 308цата што ја возев беше 'како на голф', многу прецизен, убав на фат, со клик. Воедно ова е прв менувач на французин да ме воодушеви. Најверојатно пред да дојде до редакцијата на carclub, стотината тест возачи му го зеле здравјето.
Зар може до толку да му се земе здравјето само во тест период?

Би се изненадил да знаеш низ какви маки проаѓаат демо возилата. Секакви будали седнуваат зад волан.

Повеќе ми личи на две субјективнимислења околу мењачот.


Ништо чудно.

Менувачите на Peugeot/Citroen во последниве 10-тина години се генерално непрецизни во однос на директните конкуренти.

Ама еве, да не биде дека само јас тврдам така..

„The 308’s smooth and refined three-cylinder petrol unit is a gutsy performer, pulling strongly from around 2,000rpm, but the six-speed box is clunky – a problem that affects all 308 models. “

http://www.autoexpress.co.uk/peugeot/308

„And the sooner Peugeot pensions off its obstructive manual 'boxes, with a throw so long the cogs are seemingly in different postcodes, the better.“

http://www.carmagazine.co.uk/car-reviews/peugeot/peugeot-308-e-hdi-115bhp-2013-review/

Како и да е - на некого можеби ќе му смета, на некого не. Јас барем не би ја отпишал 308-цата само заради тоа. Мене лично колата многу, многу, многу ми се свиѓа, во добра боја и со добра опрема, секако.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Помош при избор
« Одговори #26 на: 05 Јануари 2016, 12:09:19 pm »
Место Голф

Си размислил и за чудово?




Edit: За 16902 евра што планираш за Голфот, можеш 1.6TDi со Ambition опрема (второ ниво) за 16480 евра.. Или 1.4Tsi со 150КС со Ambition опрема за 16870 евра.

ABS со ESC (Електронска програма за стабилност)
 6 x воздушни перничиња (за возач и совозач, странични и завеси за глава)
 Електрично регулирани ретровизори со грејачи
 Радио "SWING" со 5" екран во боја осет. допир
 Green Tec (Start/Stop систем)
 Полуавтоматски клима уред CLIMATIC
 MDI конектори - USB, SD Card, Aux in
 Тонирани стакла
 Централно заклучување на вратите
 Резервно тркало во нормална големина и алат
 Преклоплива задна клупа
 Електрични стакла во предните врати
 Управувач прилагодлив по висина и длабочина
 Дневни светла
 Индикатор за издишан пневматик
 Висинско прилагодување на возачко седиште
 Електричен серво управувач
 Мал кожен пакет (3 крак кожен управувач, рачка од менувач и рачна сопирачка)
 Предни и задни светла за магла
 Hill hold, контрола на угорнини
 Држач за наочари
 Централно заклучување со далечинско
 Борд компјутер - Maxi Dot
 Челични тркала - TEKTON - 16"
 Електрични стакла и во задните врати
 Преден потпирач за раце
 Bluetooth телефонска конекција
« Последно менување: 05 Јануари 2016, 12:16:31 pm Carpathian Lord »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Помош при избор
« Одговори #27 на: 05 Јануари 2016, 12:25:25 pm »
5:20


Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Dave

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
Одг: Помош при избор
« Одговори #28 на: 05 Јануари 2016, 12:31:02 pm »
Место Голф
Си размислил и за чудово?
Пишав во воведот, дури кога ќе размислам поубаво, би сакал и од оваа цена да се спуштам пониско. Без љутење, инаку колава што си ја поставил е одлична.
Цитат
Цената и на едниот и на другиот модел е околу 15к и е плафон (поточно плафон на плафоните), така да совети од типот „имаш Јети за 17000 или две половни BMW-a“ не ми се многу од корист.




Менувачите на Peugeot/Citroen во последниве 10-тина години се генерално непрецизни во однос на директните конкуренти.

За хејтерите - менувачот на VW, треба само да се искуси, сега возам стар голф и да, подобар е менувачот од тој на новава 308. Што би рекле енглезите - ages ahead е Голф во овој поглед.

Морам посебно да ги пофалам тестовите, затоа што тие ме донесоа на форумов, посебно што ги правите на модели кои одговараат на пазарот. Не викам дека не сакам да читам за Golf GTI, ама убаво е да има тест и на тоа што е и во средина и најдолу на ценовната скала.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Помош при избор
« Одговори #29 на: 05 Јануари 2016, 12:33:09 pm »
Да знаеш кога купуваш нова кола, секогаш барај попуст.

Но, најчесто даваат за иста цена подобар модел.

Ретко ти спуштаат цена во пари. Да речеме пишана е 16900 и да ти рече, „еве ќе ти ја дадам за 15к“.