Јас го имам истиот голф веќе година ипол. Купен од Порше. Основна верзија или го викаат уште и социјален голф. Пошто ти веќе си се одлучил за еден од овие два модела јас ти го препорачувам Голфот. За него можам да ти кажам што те интересира, за Пежото не сум компетентен.
Кажи ми што поточно те интересира ќе ти кажам, да не го тупам за нешто без врска.
Основни возачки искуства, евентуално нешто што мислиш дека е негативно при експлоатација. Секако потрошувачка дека ме интересира, сервиси исл. Исто така, еластичност, како повлекува на поголеми брзини, затоа што е релативно мал мотор, веројатно оптимизиран да трае повеќе и да троши помалку.
Внатре е доста простран. Седиштата се навистина удобни, предните се подесиви и по висина. Просторот кај совозачот доволен за некој со подолги нозе удобно да седи а нозете да не ги чеша од конзолата. Позади возачот и совозачот доволно простор за удобно седење. Иако е регистриран за 5 патници на задните седишта удобно можат да седат 2 лица и мало дете на средина од задната клупа. На тројца возарсни од позади нема да им биде комфорно, особено не на тој во средина.
Лично не ми се допаѓа платното со кое се обложени седиштата и прва прилика на пролет ќе ставам нови и воедно ќе ги заштитам оригиналните.
Воланот е подесив а инструмент таблата е прегледна. Обложен е со кожа и пријатен на допир. Рачката на менувачот одлично лега на рака, менувачот е мек при менување на брзини. Зимно време првите неколку километри е малку крут додека да загрее уљето во него. Друго што не ми се допаѓа во внатрешноста е платното со кое е обложен потпирачот за левата рака на возачот на возачката врата. Многу неквалитетно по мене направено и иако немам навика раката да ја потпирам сепак платното изгледа како да е користено 10 години, изветено од чистење.
Висока звучна изолација внатре во кокпитот, дури и надвор кога си до колата можеш да чуеш дека моторот работи многу смирено, тивко. И при големи брзини моторот не е многу бучен. Гепекот 380 литри, за некого доволен за некого не. За мене лично недоволен па затоа си земав кровен куфер. Мултифункционалниот дисплеј нема блутут и усб порт. Има само за СД картица, што отпрвин ми беше малку чудно да нема за усб ама и немало потреба, доволно е сд картицата.
Иако доаѓа со најслабиот мотор одлично ги задоволува моите потреби, пред се затоа што намената му е за семејно користење а не за лично курчење. Е сега, некои ќе кажат дека 1.2 ТСИ моторот е слаб но тоа се субјективни мислења. Слаб е во смисол да се тркаш со тој мотор но е сосема доволен за секоја друга потреба. Досега не сум осетил моторот да губи на снага. Пример, Страцин го искачувам во петта со 4-5 лица внатре и брзина од 120-140 км/ч (ако нема жацовци у заседа), лани летото на идење за Охрид, 4 возрасни и едно дете внатре, товарен до даска, накај Стража мислев дека во 2-ра ќе треба да возам ако застанам попат. Застанав на едно место и воопшто не беше проблем да прешалтам до 4 брзина. Максималната брзина која може да ја постигне по упатството му е 179 км/ч, јас го тестирав на на автопатот Куманово - Скопје до 180 и мислам дека ќе идеше плус уште 10-20 км ама жената почна да ми мрчи во кола а убеден сум дека ќе идеше до 200 км/ч. За разлика од појаките мотори сигурно му треба секунда - две можеби и повеќе додека претекнува што мене лично не ми е толку битно. По мене лично моторот со неговите 86 коња (вклучувајчи го и возачот) е сосема солиден за моите очекувања и за едно фамилијарно возило.
Безбеден за возење, стабилен во кривини. Имав многу лошо искуство кога еден идиот што возеше шлепер од средна лента ми се убаци пред мене во лента без да погледне во ретровизор дали има кола во таа лента или не а јас возев со 150 и буквално ми дојде на 20 метри пред мене. Морав да кочам и да вртам во десно да не удрам во него, го промашив за влакно и отидов во средна лента, таман си реков фала богу живи сме кога пред мене комбе. Дебилов со шлеперот сакал да го претекне комбето и затоа ми се убаци во лента. Така да од средна лента пак кочење и вртење волан во десна, мислам дека колата се искриви за едно 45 степени завршив во лентата за застанување и сигурно со брзина од некои 100км/ч. Е пошто Марфи ми е другарче таа лента завршуваше за некои 30-тина метри па гас до доле и излегов пред комбето промашувајќи го влакно. Да имав камера во колата на јутуб пари ќе правев од видеото. Малце забегав ама поентата ми беше дека возилото со своите безбедносни уреди си ја одигра својата улога. Еве нешто што сум пишал претходно поврзано со гумите и со безбедноста
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,16696.msg826086.html#msg826086Потрошувачката му е 6.1л/100км комбинирана. Не знам точно колку троши градска пошто никогаш не сум го тестирал плус градска возња во Паланка и во Скопје не е иста. Во Паланка е прва, втора и евентуално трета мада ретко, возење до 30-40 км/ч, додека во Скопје низ град можеш и во петта да возиш со 80км/ч, зависи кој како. Реков 6.1 литри без да го штедам, по агресивно возење а знам да му вадам на отворено и испод 5 литри. Паланка - Куманово - Паланка му вадам 4.9 л.
Еве како изгледа на релација Паланка - Скопје - Паланка.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,472.msg810659.html#msg810659 и
Паланка - Кавадарци
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,472.msg823010.html#msg823010Што се однесува до сервисот еве од летоска кога го носев во Порше.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,6088.msg805410.html#msg805410Искрено го препорачувам и ако се одлучиш за голфче мој совет немој само плава боја да земаш. Ако можеш да бираш сиво, барем мене ми се свиѓа. Мојот е плав металик и тежок за одржување, секоја прашинка се гледа на него. Требаше да чекам 60 дена за боја по избор а не ми се чекаше и металик бојата ми идеше во попуст со овој па го земав. Плаво никако.
Ако има уште нешто што сакаш да знаеш пиши слободно.
П.С Поубаво кажано здравје.
Со среќа во изборот.
И гледај изборот на возило тебе да те направи хепи, а не тие околу тебе.
Они нема да ја возат колата, ти ке ја возиш