Кога отидов во салон по колата прво нешто за кое прашав беше рачната и мене ми беше тоа малце чудно. И јас живеам на угорнина и проблем досега не сум имал при тргнување нагоре. Е сега, не ме држи за збор, на памет зборам, мислам дека ми кажуваа дека сепак во акумулаторот останува доволно струја за работа на електричната паркинг кочница (рачна) или така нешто во случај да се испразни ама не сум сигурен. Најубаво ќе биде да се јавиш во Порше и таму најубаво ќе ти објаснат или некој кој знае на форумов да објасни а верувам има доста такви.
Што се однесува до самото копче јас воопшто и не го користам. Имаш копче веднаш до него auto hold кое кога е активирано ти немаш потреба да се замараш да "креваш рачна или спушташ рачна" при застанување т.е тргнување. Со оваа функција активирана на секое застанување рачната автоматски се крева. Услов е колата да е во мирување и да не е во брзина. Чим стиснеш на кочница и овие два услови се исполнети рачната се крева. Ако сакаш да тргнеш услови кои треба да се исполнети се: ставен појас (на возачот), ставаш во прва и гас. Колата тргнува како и секое друго нормално тргнување. Рачната автоматски се спушта чим почнеш да го отпушташ кумплугот. Самото спуштање на рачната не е моментално, директно или како да кажам во секунда, туку е постепено. Пример отпушташ кумплуг и рачната се спушта а ти си на угорнина и уште не си тргнал напред па поради спуштена рачна наместо напред да ти тргне колата наназад, тоа не, туку рачната полека автоматски се спушта се додека не се осигура дека возилото безбедно тргнало напред.
Отпрвин ќе ти биде малце чудно (барем мене ми беше) додека да се навикнеш на неа а верувај многу многу брзо ќе се навикнеш на неа. Убавината е во тоа што не мора да мислиш дали треба да кренеш или спуштиш рачна. Застануваш, стискаш на кочница нели и рачната ти е крената. Ставаш појас, убацуваш во прва и тргнуваш, рачната се спушта. Едноставно ќе заборавиш дека колата има рачна. Јас сега имам проблем кога возам кола со механичка рачна. Заборавам да кренам кога ќе застанам и обавезно заборавам да спуштам пред тргнување. Кога ќе се навикнеш на неа ќе видиш дека е многу полесно со неа отколку со механичката, нешто слично ако не и исто како кога возиш кола со рачен менувач и со автоматски. Чим се навикнеш на автоматскиот си велиш никогаш повеќе со рачен менувач нема да возиш. Кој возел знае. (малце субјективно).
Тоа копчето ауто холд исто така ти ги регулира и светлата. Значи кај мене светлата се секогаш вклучени. Гасам колата, рачна спуштена, вадам клуч од брава и светлата автоматски се гасат. Ставаш клуч на брава светлата се палат. Не се замараш ни за светлата. Обично од перална кога ќе ја земам светлата ги исклучиле при чистење и знам да си возам без светла до темница додека не ме фати или додека не приметам. Едноставно заборавам и на нив.