И со изваден ДПФ не се гледа црно на возење, ако е тоа мерилото....
Постои уште еден поголем проблем или два...
При нефорсирана регенерација или не дај боже форсирана, што се врши во сервисите кои се наоѓаат во град, се дозира гориво во поствбризгувачки период кое согорува баш во филтерот а не во моторот, слично е и при непринудна регенерација на отворен пат.
Неисправен , затапен,дпф филтер, со каков претежно се вози додека не стане ситуацијата алармантна,го влошува работењето на моторот во однос на согорување на горивото, па се емитува повеќе штетни материи сем честичките на согорување...
При високата температура на регенерација,што знае да постигне и до 700-800 степени во самиот филтер, се емитира зголемена количина на Азотни N-оксиди, кои се по природа, а и по општество канцерогени..
Еве една принудна регенерација во населено место....