http://forum.carclub.mk/index.php/topic,20204.0.html ... Поради нервирачкото мало сецкање на вожња низ град, вакво нешто сакав да му напрам и на Полото ама пластиката кај шо лежи воздушниот филтер неможам никако да ја извам...
То е ова црната пластика над моторот
Негде држи кај шо не е достапно местото, мислам дека кај шо се поставени инјекторите за плин. Инаку претходно сменав свеќици (светкаја навечер) и бобина (беше оксидирана на еден од пинојте кај шо влегва еден од каблите).
Клаени комплет кабли и бобина Bremi од Макплин, но немав некоја промена во градската вожња и зато сакав да го напрам и кај Полото зафатот шо го напрајв на Астрата.
На дијагностика видов дека предната сонда не е во ред (држи константно 1.27v, а треба да варира горе долу и да е до макс 0.9 ко шо знам) а и имам висока потрошња, негде околу 11.5 комбинирана, па ќе гледам да ја сменам сондата и да видам дали можи и до неа е малото сецкање низ град.
Да не знај некој дали можи без вадење надвор на клапната директно да прскам во неа со Thorttle Body Cleaner или Carb Cleaner?? Пробав со контакт на клучот и газење на гаста да ја свртам клапната (оти Полото има електронска клапна) ама неќеше. Предлози???