Да се обнови темата...
Напраени се неколку промени од последниот пост..
https://imgur.com/C0J7T1LОд поголемите работи, сменет е прагот од страната на возачот. Беше свиткан малку на средина уште од ко ја зедов и имаше фатено р'ѓа (се гледа на сликата погоре). Сменет е со оригинален половен без знаци на некакво оштетување. Првично барав нов поцинкуван, ама немаше нигде ни во Македонијава ни околу. После пробав да најдам не-поцинкуван нов ама ниту на ebay немоев да нам. Најдов добро зачуван половен и монтирав таков и сега е вака:
https://imgur.com/7ZRfNulhttps://imgur.com/3fMxHWLПокрај тоа, во меѓувреме покрај редовните сервиси масло, филтри и т.н, сменав и масло во мењач чисто превентивно. Зедов Fuchs 75W 2.7 литри бери и ова е нешто од шо сум најзадоволен во последно. Мењачот имаше мали проблеми во шалтање прва и втора, а со новото масло буквално се препороди
https://imgur.com/lQxfdpWПри редовниот сервис сменав и кабли Bosch и свеќици Denso, сајла за кумплугот исто Bosch, stainless steel за педалите, батерија за централното(битна работа) ...
https://imgur.com/l7vWrUhНа почетокот на оваа сезона чистев плински филтри (се имаа малку замастено па колата знаеше да затрокира и да изгасни при промена бензин-плин) и зедов 4 летни гуми 195 50 Р15 Matador MP 47 Hectorra 3. Имаја добри коментари по нет и ги најдов за уба цена во Битола:
https://imgur.com/IeNCob9Има мала разлика посебно надвор од градска вожња. Ги пробав и на убав дожд, арни се.
Горе-долу е то, има уште нешто да се допрај и некој мали планој за понатаму. Ме нервираше тропкањето од пластиката на совозачката врата, ја отворив ја престегнав наново ама не се реши трајно. По некое време пак почна по старо. Ќе барам трајно решение ќе ја отворам пак. Се мислам и за 2din радио, само незнам дали Андроид или обично, а и единственото место за оставање на мобилен и слично ке ми се затвори. Некој ако има искуство со 2дин радио од поасолна марка или кинеско можи да сподели мислење..