Дечки, долго време ве следам во stealth или ninja mode, и конечно решив да пишам и да ве прашам за мислење

Како шо напишав и во насловот, во потрага сум по половно возило од поново годиште, до кај 9000 евра максимално.
Концентрирам сум на голф 6ка (во принцип бензинци гледам), Шкода Октавија, Хонда акорд (и ова бензинец и тоа малце постаро годиште-2007...) Едно време и Тојота Корола гледав, ама ме одвратија - демек во Турција се склопувани. Исто и за Волво S40 демек моторот е од Форд

Во принцип гледам ауто од 2009 навака, до кај 9К евра. Годишно поминувам максимум 10.000 км, и не е проблем потрошња дека стално за 1500 денари бензин ставам

Секое мислење е добредојдено!
