Еку-то секогаш може да се врати на фабрички податоци , а за лоши тјунери врие и кај нас. Види , не е алфава ниту моја , ниту на татко ми па за да ја бранам , али премногу се нафрли на огласот , која да не се лажеме , се издвојува од оние на плацевите . Вака од оглас може само да нагаѓаме дали е лошо модифицирана или пак не 
Па не баш. Зависи каков хаос е направен во него. Некои едноставно не се поправаат. На пример оваа има поголем интеркулер. Дали има и инјектори со поголем капацитет? Дали има горивна пумпа која може да го издржи тој капацитет? Дали менувачот со замаецот и ламелата можат да го издржат тој дополнителен вртежен момент?
Јас се нафрлам на сите бугарски огласи, затоа што сите до еден лажат-сушат само да ја продадат на некој друг. Немаат платено даноци за колата, па кога дојде ред за префрлање, оп не може. Ако прочиташ, истата даночна финта ја прави и овој (со фактурите и даноците). Во овој случај, треба да се докаже дека фирмата нема долгови кон некој друг, па после да има одлука за продажба, на крај за да ја продаде. Па ајде купувачот наебал затоа што веќе потпишал договор, па екстра трошоци, за да ја одјави од БГ.
Кога дојде ред за технички, се потплаќа затоа што газдата не сакал да плаќа за одржавање, или репарирал делови кај сомнителни мајстори. Кога дојде ред за излез/извоз од БГ, оп - колата или замешана во некоја финансиска-осигурителна измама, или крадена, или склопувана од три во едно.
Ајде ќе средиш се, овој од осигуртелната компанија договорен со КАТ (сообраќајна полиција во БГ) да ти го пише осгурувањето од наредниот ден (датата), па те запираат на 2 километра, па ајде глоба 200-300 евра, или частиш пола казна.
Таму очите не четири, шеснаесет треба да си ги отвориш, и во ниеден случај да не се лепиш на најевтините понуди. Затоа што има премногу заврзлами.