Јас прошлата недела правев редовен сервис на Леонтина, и 5 литри масло + сите филтри (масло, воздух, полен, нафта) ме коштаа 4900 денари кај Чакаров во Аеродром. Сервисот го изведоа одличните сестри кај Др. Маршер.
А некако да расчлениме цена на делови индивидуално и спецификации на масло ...
Castrol Magnatec Diesel 10w-40 (по VW 505.00 стандард) - 5х510 МКД - 2550 мкд
Филтер за полен - 450 мкд (Не ми текнува брендот)
Филтер за воздух - 560 мкд (MANN)
Филтер за масло - 420 мкд (MANN)
Филтер за гориво - 1200 мкд (Hengst)
Вкупно - 5180 мкд, на тоа добив некој % попуст, односно излезе 4900 мкд.
Не викам дека е најефтино во градот, но јас сум задоволен, особено ради тоа што земав све на едно место, и сигурен сум дека деловите се со добар квалитет.