Точно дека build quality не може да се утврди од еден тест со 500 км, али имајќи предвид дека сум се возел со таксистиве во Октавии и сите се со 300к + поминати километри, а внатре е на задоволително ниво (како и секоја 10+ години), не гледам причина зошто некој би се сомневал во build quality на Skoda. Значи збориме за такси возила кои секојдневно се експлоатирани максимално со различни возачи, внатре пушено и веројатно со сомнителна (во смисол нередовна) сервисна историја.
А кога збориме за сомнителен build quality видете ги Renault Fluence такси возилата. Моделот (колите) се колку стари..5-6 години (?!), а кај некој што сум се возел се забележува внатре поголема амортизираност од на пример постара Октавија.