јас ке испопљукам малку по ПРАКСИС... среќа што сум понекогаш фрик за тоа прашање, кога чувам резерва од се... значи купив праксис пред 3-4 месеци. од лукоил или окта беше, не ме фаќајте за збор. “старите“ бришачи (шампион, купени вкарпош 3 во едно продавниче) кои покажаа по 1 цртичка на бришење ги ставив во кутија и во гепек.. денес на ова невреме, на автопат -4 степени, снег истура, стаклото мрзне, се доведов до ситуација да гледам низ долното ќоше на шофершајбната и тоа само што излегов од тетово. застанав, ги исчистив гумиците, тргнав мразот цел и продолжив... после 10-тина километри пак истото... едноставно гумиците се укрутуваа до крај... на бензинската лукоил мислам пред скопската патарина, застанав пак, ги извадив старите бришачи и до скопје више немав никаков проблем... извозев уште 30-тина километри и немав проблем...