Препорака брисачи?
На Макпетрол ги гледам
Praxis Air10
Wurth
Искуства ?
На претходната кола пробав и Praxis Air10, и Wurth, и уште една-две фирми од продавнициве за галантерија. Фрлив 2-3 илјади денари на не знам колку пара брисачи, за на крај да земам Bosch AeroTwin, плус Bosch брисач за позади, и да си го решам проблемот.
На оваа кола од старт ставив Bosch AeroTwin, Bosch заден брисач, и то е то. Поскапи се, да, околу 2,000 предните и уште 500-800 задниот, ама си го решаваш проблемот со брисачи на подолг период, апсолутна тишина е кога бришат, и не оставаат траги по стаклата. Ако влегуваат во буџет, и ако ги има за твоето возило (провери во Mega Auto Parts, Самад и Аутоцентар), не им се мисли.