И од мене кратко искуство на темава.
Купив Wurth од Лукоил, некои 800 денари двата предни (600 + 450), константно ми размачкуваа на едно исто место. По предлог од механичарот ги исчистив со сјај, беа океј два дена, па пак исто.
Купив Praxis, исто мислам од Лукоил, околу 400 денари двата. Бришеа супер, без размачкување, ама добив совет од механичарот да ги сменам, дека не лежат убаво и дека го оптоваруваат моторот од брисачите беспотребно.
Купив Bosch Aerotwin од Мега, 2,000 денари двата. Бришат беспрекорно, не ги ни слушаш дека се пуштени, и го нема она замаглување ни на секунда.