Автор Тема: Животен век на халогени сијалички  (Прочитано 6817 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Животен век на халогени сијалички
« на: 08 Септември 2015, 15:40:07 pm »
Јас на 52.000 го напраив сервисот и уште си функционираа фабричките, иако ослабени. Од искуство препорачувам Phillips WhiteVision - одлично светат, ќе видиме колку ќе траат.

Баш ме интересира како доаѓате до моментот сијаличката да ви функционира но да биде ослабена???
Односно како заклучувате дека е ослабната?

Одокативна метода?
Споредба со нова иста таква сијаличка?
Споредба со нова сијаличка со иста друга но од друг производител?
Мерење на интензитетот на светлина со некој инструмент?

Благодарност.

Јас досега не сум воочил одокативна разлика на исти сијалички од ист производител со различно време на светење и работа.
Пример. Сијалица светена 5 години со сијалица светена 0 часови.
Исто ми светела.
Со сијалица од друг производител, да, се приметува незначително мала разлика (зборувам за класични сијалички Н4 или Н7, не брејкери не вижи или што ти ја знам).

Уште поинтересно е тоа што имав до пред некоја година стокец, кој имаше сатурнус халогенки.
Истите не беа заменети од 1980 година, кога и беа монтирани. Во споственост имам уште една таква, која се чуваше во резерва. За жал не ја искористив, но сеуште ја имам. (Н4)


Чисто како размислување. Зарем не мислите дека тоа што ви изгледа како ослабено, не е од замагленост на сочивото во самиот фар, или пак замагленост - филм со прљавштина на самото стакло на фарот? Или мислите дека сијаличката едноставно го сменила отпорот, односно влакното го сменило своето својство и ослабнала?
Фала на дискусијата која ке ја развиваме.
Може и нова тема да се отвори по повод ова прашање.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #1 на: 08 Септември 2015, 15:48:10 pm »
Не сум споредил лабораториски за да можам да кажам со сигурност дали и колку ослабеле фабричките халогени светла, иако според некои правила (читав некаде) халогените сијалички би требало да задржат 95% од капацитетот низ целиот животен век. Сепак, бидејќи јас поминувам време во колата (и до сега имам направено повеќе од 50к км) сметам дека доволно добро ја познавам и дека со време почна да се појавува деградација на интензитетот на светлината.

Исто колку што јас можам да потврдам дали користените сијалички ослабеле, толку можеш и ти да потврдиш дека исто светела нова и стара сијаличка. Одокативно. Сам си кажа - исто ти светеле. Тебе.

Во секој случај, апгрејдот е повеќе од исплатлив, а разликата на меѓу Филипсот и фабричките сијалички е стварно огромна.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #2 на: 08 Септември 2015, 16:16:39 pm »
Сијаличата може да ослабе со тек на време во одреден спектар, најчесто УВ, но visible спектарот со очи не може да се забележи (потребен е фото детектор).

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #3 на: 08 Септември 2015, 16:16:58 pm »
Каде и колку пари филипсот? :) h4?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #4 на: 08 Септември 2015, 16:19:31 pm »
@zeroSignal

Да не го цитирам комплетно целиот пост, нема потреба.
Убаво си прочитал. 5% помалку во својот животен век, додека не се прекине влакното. Основата е волфрам.
5% дури и лабораториски треба да имаш страшна машина за да ги детектираш. (читај цитат од @djidji подолу)

Значи одиме на онаа втората варијанта, која јас реков дека ја применувам, односно 99,99% од нас ја применуваат, т.е. одокативната.

Сијаличата може да ослабе со тек на време во одреден спектар, најчесто УВ, но visible спектарот со очи не може да се забележи (потребен е фото детектор).

Убаво што поминуваш многу време во своето возило.
И јас поминувам релативно доста време во возила. Што мое, што службено.
Еве како за пример, за 10 месеци 15 000 километри во службеното, и за 6 месеци 3500 во моето.
Сума сумарум 18500 километри.

Како поверодостојни резултати ке ги земеме километрите на службената кола. Бидејќи се повеќе.
Ако претпоставиме дека тие 15к километри се поминати со просечна брзина од 50 км/ч излегува дека во возилото се поминати 300 часа.
Тоа е сепак мала бројка за работа на една сијаличка. Очекувам векот да и биде барем 1000 часови колку што се декларираат за нормалните сијалички, односно производителите, поточно Осрам дава 3 годишна гаранција.
Во превод баш кога ке истече гаранцијата, треба да цркне сијаличката по правила на нештата. Но понекогаш нема правила па сијаличките работат и многу подолго од предвиденото.
Инаку најт брејкерите по декларација се околу 150 работни часови колку што успевам да најдам податоци за нив.
Тука во предвид треба да се земат и палењата и гасењата на истата, односно пиковите, вибрациите, и ред други фактори, кој секако го намалуваат животниот век.
Но не влијаат врз квалитетот на жарење на влакното.
Единствениот фактор кој влијае врз влакното е напонот. Тој варира во зависност од тоа со колку волти ви се полни акумулаторот.
Единствена разлика во интензитетот на светење може да уочи било кој од вас доколку колата му е паркирана пред зид, запалени средни светла, и во тој момент уклучете потрошувачи. Пример: Клима, греачи на седишта, вентилатор, греачи на задна шофершајбна.
Да не навлегувам понатаму зошто е тоа така, чисто ке се задржам на моментот - Ослабната сијаличка-.

Инаку производителите декларираат 1000 работни часови баш заради сите погоре набројани параметри.
Инаку во идеални услови, било која сијаличка треба да работи најмалку 6000 работни часови. Во превод животен век од 6000 до 10000 работни часови.
По статистички податоци, 67% од сијаличките (зборуваме за халогенки Н7 и Н4) цркнуваат.
Производителите затоа го имаат одбрано прагот од 1000 работни часови, кои да речеме за една нормална експлоатација би терале некој си 5 + години.
Искрено ме мрзи да ги барам табелите и статистиките, ако некого навистина го интересира, слободно нека го прогугла ова ;)

p.s. @zeroSignal слободно можеме да отвориме нова тема за животниот век на автомобилските сијалички.

Новите Лед-ови ги декларираат со животен век од 30к работни часови...
Најтбрејкерите со 150 часови (премалку според мене) итн итн, па во неа можеме да споделуваме искуства.
Фала.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #5 на: 08 Септември 2015, 17:05:16 pm »
Видиш не сум знаел за овие 150 часа. Можда затоа ми испоцркаа за 3 месеци. И ги заборавив дека постојат после тоа.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #6 на: 08 Септември 2015, 17:11:54 pm »
Предложете асални сијалици. Ете Зеро ги пофали Филипсот, најтбрејкериве имаат краток рок.
Освен кинески ксенон, што е најдобро за сијалица?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #7 на: 08 Септември 2015, 17:16:51 pm »
Narva, Bosch...

Ја имам некои си Waigeer од кај Ате, сеа за сеа, добри се.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #8 на: 08 Септември 2015, 17:22:50 pm »
Предложете асални сијалици. Ете Зеро ги пофали Филипсот, најтбрејкериве имаат краток рок.
Освен кинески ксенон, што е најдобро за сијалица?

Phillips декларира 450 саати за H7, плус во кутичето доаѓаат и две позиции што би требало да се (колку-толку) погодена боја.



Ако сакаш, зврцни, пројди, види ноќе како изгледаат и дали ќе ти фаќаат око.

Видиш не сум знаел за овие 150 часа. Можда затоа ми испоцркаа за 3 месеци. И ги заборавив дека постојат после тоа.

Интересно, кај мене на Леонот најбрејкерите рикаа у пар. А фино светеа. Новиве Unlimited би требало да имаат подолг животен век. Како и да е, малку е 150 саати, али пошто имам опција DRL за преку ден, прифатлив компромис ми е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #9 на: 08 Септември 2015, 17:24:05 pm »
Сега веќе не се палат светла преку ден, така да би требало и векот да е многу подолг.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #10 на: 08 Септември 2015, 17:37:39 pm »
Предложете асални сијалици. Ете Зеро ги пофали Филипсот, најтбрејкериве имаат краток рок.
Освен кинески ксенон, што е најдобро за сијалица?

Phillips декларира 450 саати за H7, плус во кутичето доаѓаат и две позиции што би требало да се (колку-толку) погодена боја.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ако сакаш, зврцни, пројди, види ноќе како изгледаат и дали ќе ти фаќаат око.

Видиш не сум знаел за овие 150 часа. Можда затоа ми испоцркаа за 3 месеци. И ги заборавив дека постојат после тоа.

Интересно, кај мене на Леонот најбрејкерите рикаа у пар. А фино светеа. Новиве Unlimited би требало да имаат подолг животен век. Како и да е, малку е 150 саати, али пошто имам опција DRL за преку ден, прифатлив компромис ми е.
Ц, види го, не биди нефин, кажи од каде и колку пари ги зема? :-D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #11 на: 08 Септември 2015, 17:47:06 pm »
Хах, извини, ми промакнал твојот пост. Ништо намерно. :)

Ги земав во Кармакс во Сити Мол (сега се вика нешто Карбокс, али тоа е продавничето). Цената беше 1800 мкд за комплет сијалички + две позиции (си беа во кутијата). Цената е за H7, не знам која е цената за други верзии, нити па дали воопшто има.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #12 на: 08 Септември 2015, 18:08:20 pm »
Тенкс, тоа се бара. Може на наредно прегорување да се земат. :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #13 на: 08 Септември 2015, 18:25:06 pm »
Филипс прават одлични сијалици.
За сметка на тоа по мое мислење, многу е краток животниот век, односно времето на светење.
Со нормална експлоатација, некој две години би им бил векот.
Да сме живи и здрави, еве зеро ги има, знаеме кога се ставени, ке видиме до кога ке траат.
Ако годишно поминува по 10 к со колата, за две години треба да пријави дефект.
Сметаме просечна брзина на движење 50 км/ч. Чисто како некој репер.
За две години ке помине 20к километри и ке има 400 часови поминати со светла.
Единствен проблем е тоа што не се морални светлата повеќе, па така да сигурно има 5 години да светат без проблем :D :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Животен век на халогени сијалички
« Одговори #14 на: 08 Септември 2015, 18:38:53 pm »
Абе, не сум у тек, официјално е ова да не се вози со фарови преку ден?