@zeroSignal
Да не го цитирам комплетно целиот пост, нема потреба.
Убаво си прочитал. 5% помалку во својот животен век, додека не се прекине влакното. Основата е волфрам.
5% дури и лабораториски треба да имаш страшна машина за да ги детектираш. (читај цитат од @djidji подолу)
Значи одиме на онаа втората варијанта, која јас реков дека ја применувам, односно 99,99% од нас ја применуваат, т.е. одокативната.
Сијаличата може да ослабе со тек на време во одреден спектар, најчесто УВ, но visible спектарот со очи не може да се забележи (потребен е фото детектор).
Убаво што поминуваш многу време во своето возило.
И јас поминувам релативно доста време во возила. Што мое, што службено.
Еве како за пример, за 10 месеци 15 000 километри во службеното, и за 6 месеци 3500 во моето.
Сума сумарум 18500 километри.
Како поверодостојни резултати ке ги земеме километрите на службената кола. Бидејќи се повеќе.
Ако претпоставиме дека тие 15к километри се поминати со просечна брзина од 50 км/ч излегува дека во возилото се поминати 300 часа.
Тоа е сепак мала бројка за работа на една сијаличка. Очекувам векот да и биде барем 1000 часови колку што се декларираат за нормалните сијалички, односно производителите, поточно Осрам дава 3 годишна гаранција.
Во превод баш кога ке истече гаранцијата, треба да цркне сијаличката по правила на нештата. Но понекогаш нема правила па сијаличките работат и многу подолго од предвиденото.
Инаку најт брејкерите по декларација се околу 150 работни часови колку што успевам да најдам податоци за нив.
Тука во предвид треба да се земат и палењата и гасењата на истата, односно пиковите, вибрациите, и ред други фактори, кој секако го намалуваат животниот век.
Но не влијаат врз квалитетот на жарење на влакното.
Единствениот фактор кој влијае врз влакното е напонот. Тој варира во зависност од тоа со колку волти ви се полни акумулаторот.
Единствена разлика во интензитетот на светење може да уочи било кој од вас доколку колата му е паркирана пред зид, запалени средни светла, и во тој момент уклучете потрошувачи. Пример: Клима, греачи на седишта, вентилатор, греачи на задна шофершајбна.
Да не навлегувам понатаму зошто е тоа така, чисто ке се задржам на моментот - Ослабната сијаличка-.
Инаку производителите декларираат 1000 работни часови баш заради сите погоре набројани параметри.
Инаку во идеални услови, било која сијаличка треба да работи најмалку 6000 работни часови. Во превод животен век од 6000 до 10000 работни часови.
По статистички податоци, 67% од сијаличките (зборуваме за халогенки Н7 и Н4) цркнуваат.
Производителите затоа го имаат одбрано прагот од 1000 работни часови, кои да речеме за една нормална експлоатација би терале некој си 5 + години.
Искрено ме мрзи да ги барам табелите и статистиките, ако некого навистина го интересира, слободно нека го прогугла ова
p.s. @zeroSignal слободно можеме да отвориме нова тема за животниот век на автомобилските сијалички.
Новите Лед-ови ги декларираат со животен век од 30к работни часови...
Најтбрејкерите со 150 часови (премалку според мене) итн итн, па во неа можеме да споделуваме искуства.
Фала.