Автор Тема: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v  (Прочитано 45142 пати)

Отсутен Ѕивана

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 229
  • Honk If Parts Fall Off
Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« на: 07 Октомври 2011, 04:06:27 am »
Никогаш не сум бил љубител на полoвни коли, а уште помалку на Фиат. Имав (кога бев "млад" :) Клио 1.6 ново, го стумбав за матура, имав после тоа BMW 328 0д девеесдруга, и него го средив, немаше повеќе смисла да му правам ремонти и оправки, имав Калибра, исто канта делукс, и требаше да земам од Fair Auto c4 vtr на лизинг, ама среќа што се премислив, количево за џабе пари ми дое ко кец на десет. Муабетов баба го возела ама стварно така испадна, 2300 евра, 70000 км негребнато... не се ни мислев. Е сега немам многу време, малце по малце ќе го средам естетски. Му ставив комплет озвучење sony + kenwood woofer, бандашчиња + гуми, издув, k&n...
Треба да го грабнам коа ќе имам време, фарбање или нови браници, имам xenon треба да го монтирам, такоџе и спиралите (има нови монро рефлекс гасни) да се сецне браникот, аусухот да дое ко што треба, гледав тука, ќе идам у дог сикјурити да ставам клима фолии, горе на кров црна фолија и да се смисли нешто да се напраи со ретровизорите и рачките, веќе го одлепив фиат знакот од позади, на ред е и пунто знакчето... мрзам натписи, имам уште некои планови да го средам да ми е по ќеиф и тоа е тоа. Од "опрема" има ел прозори и ценрално со аларм и бакица стајла multi-t-lock на мењач да не и го дигне некој :) Kако и да е презадоволен сум, не ми е јасно како ама за у градов СК е измислено... сега за сега ништо појше не треба... Фала што истеравте очи од читање :)















Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #1 на: 07 Октомври 2011, 07:48:13 am »
Добре дојде. Возилово е одлично сочувано...Со здравје да си го возиш и да поминеш што повеќе километри па да го смениш со некое ново, па макар тоа била и Linea (и покрај тоа што не сакаш фиат) :))
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #2 на: 07 Октомври 2011, 09:00:16 am »
Добредојде на форумот и респект за моменталното претставување на количето :)

Многу убаво, очувано џилитка! Со здравје да си го возиш, и во најскоро време да си го дотераш по свој мерак :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #3 на: 07 Октомври 2011, 09:24:09 am »
И да ти кажам баш истерав очи од читање. Баш пријатно ме изненади. Вака треба сите нови членови да постапуваат.

Иначе количево „ич не чини“. Супер си го средил. Естетски модификации му стојат на ова Пунто ко крзно на мачка.
Моторот е малце тапа ама за таа цена е супер. Многу издржлив мотор со супер потрошувачка. Некаде 7-7,5 во град така?

Ајде со здравје да си го возиш, и немој да го здробиш и ова те молам.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #4 на: 07 Октомври 2011, 09:52:17 am »
Толку беше и кај мене, околу 7 градска, само моето беше 16V, но не би требало да има разлика.


Супер количе, чисто средено. Ако сакаш перформанси, барај 16V декла  ;D
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #5 на: 07 Октомври 2011, 10:20:44 am »
Со здравје да се вози, пунтото е одлично. Супер идеи имаш за средување се надевам дека ќе ги оствариш што побрзо.

Една забелешка само. Предната табла ти е мало накриво, корегирај ја. :) :)


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #6 на: 07 Октомври 2011, 11:34:51 am »
Одлично претставување, одлични идеи за понатаму. Се надевам ќе ја продолжиш дружбата со форумов и ќе не известуваш како оди трансформацијата!

Отсутен Jove

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3129
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #7 на: 07 Октомври 2011, 11:59:51 am »
Одличмо средено количе,а и одлични идеи за понатака да си го средиш по свој кеиф.....И со здравје да си го возиш
Losers always whine about their best, winners go home and fuck the prom queen :)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #8 на: 07 Октомври 2011, 12:09:01 pm »
ај добре дојде и од мене,количето тие супер(и гледај не го стуткувај и ова,пошо доста си стуткал)....мнигу безгрижни километри
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Ѕивана

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 229
  • Honk If Parts Fall Off
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #9 на: 07 Октомври 2011, 12:50:12 pm »




Хахахаа :) ме изнасмеа посабајлечки... видиш не сум увидел за таблицата, ама тоа може да се искривила сама од себе :) зашто пред зграда имам едно дрво и често идам на варијанта (утее утеее утеее---дотааа)

Фала ви на сите за добредојдето, и за пофалбите за количето! Откако го купив пред, штознам 7-8 месеци направив 9000 км, се е ок. Потрошњата, комбинирано е 7,8 ама збориме за во град нормална вожња, тргни застани, навечер малце со потешка нога го возам и на автопат не го штедам ама ич... колку иде иде :) на нормален автопат низ МКД под 140 не го спуштам, така да за таков стил ок си е потрошувачката, не се бунам.
Откако го земав си викам да го однесам до Аутомобиле, знам дека се нездрави али ај за сефте да го ѕирнат, сменив стандард : уље, филтер и не толку стандард, дихтунг на бобина, дихтунг на поклопец на мотор, хладњакот односно страниците не ми се свиѓаа у кое стање беа па и тоа, амортизери, чаури на летва... и толку. Идев по мајстори да го гледаат да ми кажат што е како е, треба ли нешто да се прави, ми викаат ај бе дечко шетај, што да му правиме, нема што да се прави :)

E сеа сите ми викаа, кај си ти за пунто, нежни се ќе го унаказиш, ама бидејќи сум веќе "зрел" :) сам на себе и на нив им ветив, а еве и тука дека ќе го користам колку можам покултурно за да трае колку може повеќе.
Ете ви го клиото што имаше 3000 км поминато :)
















Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #10 на: 07 Октомври 2011, 12:54:57 pm »
Одлично количе имаш и убави планови за понатамошно средвање ;)
Пушти некоја слика од ентериерот...

И еден ден вакво да биде ;)






Отсутен Ѕивана

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 229
  • Honk If Parts Fall Off
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #11 на: 07 Октомври 2011, 13:02:23 pm »
УФ, ми се свиѓа ептен, нешто налик ова ќе биде + -
од ентериерот ќе пуштам после слики и иам една работа да ви покажам... нема обртомер ама ја се снајдов и му ставив пософистицирана варијанта, а не е од оние на рог што се ставаат или оние ко на лада така да ќе видите за што станува збор.

Отсутен Ѕивана

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 229
  • Honk If Parts Fall Off
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #12 на: 07 Октомври 2011, 15:18:25 pm »
Еве прееска што кажав дека ќе се позамарам малце за да ви покажам што "ѓурултија" направив за да имам обротомер. HTC Legend + Torque + ELM OBD Bluetooth =

Not a valid youtube URL
Е сега не беше толку работата окулу оботомерот колку што сакав коа ќе идам на пат да имам нешто што ќе ми каже што се дешава со температурата, а тоа е ова погоре. Имам наместено аларм, неморам ни да го гледам ако дигне температура (што не дига, али што си е сигурно, сигурно си е) ќе ме алармира :)
Има како што видовте и fault codes да чита и одстранува, така да место да даете на сервис пари доете кај мене пред зграда :)

Еве и нешто слики од ентериерот, џоа Ролс Ројс е :)











Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #13 на: 07 Октомври 2011, 15:27:14 pm »
Аууу Џонтра одлично.
Малку доцни ама одлично изгледа. И јас сакам за Спаркот вака да си направам. Пиши што уред си употребил и слично. Сакам и јас пошто немам термометар на водата во Спаркот.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Фиат Пунто мк2а 1.2 8v
« Одговори #14 на: 07 Октомври 2011, 15:45:24 pm »
ako sakas motorot da go cepkas za eftini pari mozes da zemes bregasta od  Fiat Punto Mk1 75 ili Lancia Y 60.