Имаше на Annuci Motori оглас за Алфа 159 2,4 ЈТД цена 2500 Евра, производство 2011 со реални
километри 460.000, колата беше бела караван, аднадвор и одвнатре беше како нова, меѓутоа
за некои возила кои што се возат службено, оваа е нормална километража на запад.
Е сега кога ќе ги купат Блгарчета, нормално ја врќаат на 100.000 км.
Исто така гледав на Мобиле.де за комшијата Мерцедес Б класа 2009/2010, и сите имаа
преку 300.000км, ништо ново. Сакам да кажам дека таму ги возат колите и реално прават големи
годишни километражи, овде кај нас од 10-12.000км. ретко кој прави.