Автор Тема: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)  (Прочитано 47361 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #195 на: 07 Септември 2016, 13:45:07 pm »
Најголем проблем се патиштата во МК. 200.000км по МК кратери и дупки се премногу се за една кола.  Дај ми германска кола возена 3 години на германските аутобани со 200.000км пред македонска 1 годишна со 50.000км секогаш.
Втор најголем проблем фалсификат маслата.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #196 на: 07 Септември 2016, 13:46:50 pm »
Мојава беше објавена со 140 000 идам да ја видам 221 000, му викам абе Џони си заборавил да ја вратиш ;D

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #197 на: 07 Септември 2016, 14:01:55 pm »
Хехе. Има 220 ама се чувствува како 140.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #198 на: 07 Септември 2016, 20:59:35 pm »
i agree brm brm... поарно кола со 300.000 со сите теманиња него со 30.000 со фабричкото масло што го вози уште... А не дека нема такви таленти... Лично имам видено...
Најголем проблем се патиштата во МК. 200.000км по МК кратери и дупки се премногу се за една кола.  Дај ми германска кола возена 3 години на германските аутобани со 200.000км пред македонска 1 годишна со 50.000км секогаш.
Втор најголем проблем фалсификат маслата.
Да не сте во некој бизнис со увоз на автомобили, па си ги фалите кршовите што некоја баба ги возела?
« Последно менување: 07 Септември 2016, 21:21:14 pm karajann »

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #199 на: 07 Септември 2016, 21:33:05 pm »
Не. Воопшто не сум во било каков бизниз за коли, а и колата што ја возам не е увезена или купена од друг газда туку семејно наследство :D
  Иначе баш тој ми беше муабетот,  километрите како бројка не се најглавен репер за состојбата на едно половно возило туку, најмногу од тоа како е одржувана: без прескокнување на редовни сервиси, квалитетот на истите (какви делови, масло, па и антифрис е ставано) и секако, како што кажа ЛП каде и како е возена. Оти нашите патишта мислам дека драстично го намалуваат векот на едно возило.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #200 на: 08 Септември 2016, 10:39:50 am »
Веднаш се препознаваат исфрустрирани кои не купиле увозен крш, туку домашен, за афрички пазар.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #201 на: 08 Септември 2016, 10:46:18 am »
За Афрички пазар се поздржливи ;)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #202 на: 08 Септември 2016, 10:55:17 am »
Teшко нам тогаш.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Искуства со враќање на километража и н&#
« Одговори #203 на: 08 Септември 2016, 19:54:01 pm »
Не. Воопшто не сум во било каков бизниз за коли, а и колата што ја возам не е увезена или купена од друг газда туку семејно наследство :D
  Иначе баш тој ми беше муабетот,  километрите како бројка не се најглавен репер за состојбата на едно половно возило туку, најмногу од тоа како е одржувана: без прескокнување на редовни сервиси, квалитетот на истите (какви делови, масло, па и антифрис е ставано) и секако, како што кажа ЛП каде и како е возена. Оти нашите патишта мислам дека драстично го намалуваат векот на едно возило.

Километрите се доста битен фактор за истрошеноста на возилото. Деловите внатре со колко и квалитетно масло да се подмачкани тие се тријат и се трошат, материјалите си ги менуваат својствата со секое ладење и греење, амортизерите со секое притискање оставаат многу тенок слој на масло, каблите после определен број на прекршувања почнуваат да прекинуваат и еден куп други работи.
Едноставно километрите да беа само бројка, сите ке даваа гаранција само на временски период, а немаше истите да беа ограничени со определен број на километри.
На кола со тој број на километри се нешто и фали, немора да е тоа нешто неопходно, ама нервира..

Веднаш се препознаваат исфрустрирани кои не купиле увозен крш, туку домашен, за афрички пазар.
Да убедува некој дека кола со 200 000 - 300 000 км е подобра од нова или од кола со 30 000-50 000км не знам кој е исфрустриран. А тоа за кој пазар се направени не заслужува коментар.
« Последно менување: 08 Септември 2016, 20:06:00 pm karajann »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #204 на: 08 Септември 2016, 23:01:47 pm »
Умно лафиш друже карајане. Сосем се сложувам. Мада сива е границата, во право си ама и ЛП е во право. Поретки се таквите случаи ама се случуваат.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #205 на: 09 Септември 2016, 08:49:20 am »
Некој ако уште не сватил дека има возила 1,2,3 и МК класа, тоа е негов проблем. Ретко кој ТДИ купен крајот на деведесеттите години во МК издржа 100к, додека увозните кршеви 5 и 10 пати повеќе. Какви се не примероци од нови возила имам видено во салон, на саем (кога имавме), кај пријатели. Со по дузина визуелни фелери. Имаше доста муабети на таа тема на овој и на оној форум. А да не зборувам па што значи, класик верзија, кај Фиат, Опел и Пежо.

Реков дека 200к увозен крш е подобар од 50к македонски. Не од нов.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #206 на: 09 Септември 2016, 09:27:05 am »
Некој ако уште не сватил дека има возила 1,2,3 и МК класа, тоа е негов проблем. Ретко кој ТДИ купен крајот на деведесеттите години во МК издржа 100к, додека увозните кршеви 5 и 10 пати повеќе. Какви се не примероци од нови возила имам видено во салон, на саем (кога имавме), кај пријатели. Со по дузина визуелни фелери. Имаше доста муабети на таа тема на овој и на оној форум. А да не зборувам па што значи, класик верзија, кај Фиат, Опел и Пежо.

Реков дека 200к увозен крш е подобар од 50к македонски. Не од нов.

Бидејќи моментално работам во автомобилска индустрија и ги запознавам работите ќе се надоврзам на Лоши патишта и ќе споделам една информација. Кај сите производители (потенцирам: СИТЕ ) има најмалку 3 а кај некои и повеќе класи на квалитет кој излегува од Quality Assurance (ова зависи многу од степенот на созреаност на производната линија за конкретниот модел). Ниедна од тие различни класи на возила не се знае однапред за кој пазар ќе биде наменета бидејќи за секој од различните пазари (зависи кај кој производител како се организирани) има различни фабрики, а сите фабрики до една произведуваат различни класи на квалитет. Така да не постои МК пазар туку постои на пример Балкан-Турција пазар. Секоја од различните класи има различна фабричка цена иако станува збор за ист модел на возило со исто ниво на опрема.

Друга работа е што постојат Bulk shipments, да не кажам рефусни испораки на модели и конфигурации на возила што се произведуваат за непознат купувач (на пример Голф 7 Trendline сива боја, Опел Астра бела боја, BMW 320D бела боја, црна боја, Hyundai i30 бела боја, како и комерцијални патнички возила наменети за компании) и истите се произведуваат за залиха и стојат на плацеви некаде и чекаат некој да ги повлече за продажба.

Трета работа е што кога се порачува ново возило во салон постојат повеќе опции:
1. Купуваш возило од лагер (тоа се гореспомнативе).
2. Купуваш возило кое не е на лагер, чие што производство може да не е започнато или да е во фаза на производство. Можеш при порачувањето да знаеш за кој број на шасија и кој број на мотор се работи, односно да бидат тие информации познати уште пред да биде возилото составено. Во овој случај постои можност да знаеш за која класа на квалитет на возило се работи. Дури ако имаш доволно инсајдерско влијание, постои шанса да се успее и да се порача најдобра класа на квалитет на возило, но ова е посебен муабет и не е за на форум.
3. Упорен си во ценкањето и барањето попусти, инсистираш да компензираш, правиш старо за ново, чекаш акции на попусти или паѓаш жртва на организирани акции и тогаш возилата се чекаат за испорака и по месец дена и повеќе. Во овој случај, гарантирано добиваш најниска класа на квалитет на возило, зошто дилерот не дава попуст на онаа класа на возило која него го кошта најмногу. Нормално дека нема тој да оди во була поради тебе, туку ќе се снајде за да ти продаде. Исто така дилерот планира со месеци и води евиденции за возилата кои може да ги добие по најниска цена, и кога ќе потсобере комбинација за исплатлива количина тогаш организира акции и продава возила од лагер.

Можно е да се направат различни комбинации, само треба да имаш контакти внатре и да знаеш кои опции ти се на располагање. Во Македонија сосем нормално е да си обезбедиш врвна класа на квалитет на возило под услов да не се однесуваш како типичен македонец и да знаеш што правиш.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #207 на: 09 Септември 2016, 10:40:23 am »
Знаци според тебе на пример сега некој ако земе i30 ке земе најниска класа на возило?


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34292
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #208 на: 09 Септември 2016, 10:55:47 am »
Зависи на кој начин ќе се земе возилото. Тие варијанти ти се на располагање. Сепак тоа се само опции со многу големи шанси, секогаш може да постои исклучок од правилото.
Башка класите на квалитет се одредуваат според одредени критериуми. На пример, возило може да спадне во трета калса на квалитет поради некоја причина која е минорна за крајниот купувач и се однесува на пример на нешто што се сервисира, како нецентриран заден трап рецимо или вградени други делови со понизок квалитет. А може причинта да биде и сериозна како на пример нарушена геометрија на шасијата.. Така да имаш трета класа и трета класа, иста работа но со различни фалинки.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9225
Одг: Искуства со враќање на километража и нивно откривање :)
« Одговори #209 на: 09 Септември 2016, 11:24:35 am »
Џонтра, мислам дека може до негде ок си ама забегуваш со муабетов.

каков дел со понизок квалитет? Бидејки викаш дека работиш во аутомотив (незнам што точно)

Знаеш ли која процедура или правило е во оваа индустрија промена на дел? било кој од завртка до пластика за раткапна?

нарушена геометрија? ова ни влезна контрола не поминува камо ли излезна