Еве кои методи јас користам за откривање на киломтреажа на возило:
*На BMW од 1998 до 2005 година преку PA Soft може да се видат киломтрите впишани во IKE (Бројката на Шал Табла), LCM (Бројка на Компјутер), EWS (Бројка на клуч). На сите 3 места различно се запишуваат цифрите. Пример ако возилото има 126,921 км. Ќе изгледа вака:
IKE: 126,921km
LCM: 126,900km
EWS: 125,000km
Ако форматот не изгледа како одозгора, туку изгледа вака:
IKE: 126,921km
LCM: 126,921km
EWS: 126,921km (или пак сосема некоја различна цифра овдека)
Тогаш менувани се, исто така ако извади грешка: Syntax, Checksum Error значи дека некој рчкал во меморијата, и на шал таблата се појавува Tamper Dot
На BMW од 2005 нагоре истот може да се види со Bavarian Technic програмот.
Заборавeте на сервисни книшки, тоа се може фалш да се направи. Еве како јас најдов реални КМ.
Го гледам возилото пример во Hessen Германија, гледам дека е регистрирано во TUV Hessen, им праќам mail и они ми праќаат сите документи според број на шасија. Јас кога бев со другаче да зима кола имавме документи од секоја регистрација на 2 години од кога е произведено:
(цифриве од рака ги вадам приближно беа)
2002: 1,700км
2004: 52,800км
2006: 71,920км
2008: 92,100км
2010: 132,910км
2012: 150,100км
2014: 172,000км (последна регистрација)
Тоа е исто така најлесен и најдобар начин за проверка на КМ.