Земи си го пасатот, однеси го нека ти ја вратат километражата на 80.000 и не му менувај ништо. Јер кола со 80,000 е нова и нема потреба да ја чепкаш. Ќар до гуша.
до негде си и у право, има делови на старо, ќе излезе околу 6000е комплет со регистрација, повеќе опрема има од фул верзија фиеста и на крај при препродажба ќе изгубиш помалку отколку ти на фиестата, а најголема добивка е што се возиш во пасат, лимузина, а не мало градско возило.
Најголемата загуба е што се возиш во пасат со амортизиран ентериер.
Фиеста на старо со 45000км и пасат на старо со 450000км не е исто. Разликата е 400000 км.
И двете коли да поминат уште 150000км пред да ги продадеш пасатот ќе има 600000км, а фиестата 200000. Во тие 150000 фиестата ќе биде поефтина за одржување и пак ќе биде во солидна состојба. Пасатот ќе биде пред распаѓање.
Веројатно Фиестата во таа состојба нема да сакам да ја продадам зашто ќе биде солидна за годините и километрите. Пасатот ќе мораш да го продадеш со вратена километража и да излажеш некого или да го дадеш во отпад.
Ако веќе гледаш да купиш "многу кола" за 6000 евра имаш и мерцедеси со 600.000 зашто да се брукаш со пасат?