За ова се расправав со татко ми, демек ако е убаво возена нема проблеми. Овие што препродаваат коли мислите се секираат дали е убаво возена или се секираат за што поголем профит?
Сите кршови се носат и средуваат кај нас, си признавам дека и јас се залетав по странски коли за „ефтини пари“, ама на крај сфатив дека на нашиве автомобили им ги враќаат километрите, не пак на странските. За наши да провериш е лесно, во 2013-та на 4 години стара кола (Лансер) открив во МакАутоСтар дека се враќани 15-30к километри само со споредба на претходен сервис.
Јас би ти препорачал да бегаш од странските...