Лично мое искуство, кога сменав кондензатор на клима ме пратија на полнење на фреон кај еден сервис во аеродром, позади тобакото лево ко ќе се фати, не памтам фирма, дечките ми рекоа дека не работат со физички лица, само вака преку фирми шо му пуштаат (?!?).
Нема врска, таму дури чекав си дојдоа двајца со тахоа, му ги носи и му вели си знајш ти стандард, 160.000км - 180.000км ! Овај му вели нема проблем, знам шо како. Така да дека се враќа се враќа. Исто и кај него имаше волани и облоги за мењач, претапацирани средени.
Исто и кај маршер на сервис, дечко носи Вектра Ц, со стандардни 180.000км (бугарска), ја ставија на дијагностика, 480.000км покажа.
Барем ако е “македонска“ кола, дури била под гаранција мора да ја носел на овластен сервис 2-3 години, па ќе имаш некоја историја.
Со среќа