Екшали, она што е шипчето со штравче го контролира распонот во кој се движат VNT перките со помош на вакуумскиот актуатор, а е контролиран преку електричниот соленоид (N75 или сличен), пошто овие нашиве дизели немаат класичен wastegate (вентил преку кој го испуштаат вишок бустот).
Јас колку што читав, сите препораки се - не го чачкај штравчето на шипчето

Покрај тоа шипче што ја контролира отвореноста на VNT-перките, постои и некое друго гранично штрафче (не знам каде е точно, можно е да е внатре во самото куќиште на турбото), кое ја контролира минималната затвореност на VNT перките. Двата параметри - двете вредности треба да се наштелаат, пошто само ова ако го чачнеш, или ќе имаш ситуација на долго затворени VNT па ќе ти се јави флет спот у снага при 2500-3000рпм, или ќе ти биде прерано отворен, па ќе имаш често овербуст на 2500-3000 рпм (или обранто беше логиката, јебига, не ми се проверува сеа да видам како беше, ама you get my point кај може да се јави зајебот ако го чачкаш)

Или, ако решиш да чачкаш, биди сигурен да обележиш прецизно, и да броиш колку навои одвртуваш или завртуваш.
За MAF сензорот, секако треба да видиш прво со некој здрав - ако си од Скопје, појди кај Жарко во Пинтија, замоли го да пробате со здрав - нов MAF сензор. Знам дека има и здрав оригинален, од кола изваден, а знам дека има и нови - и новите и старите се BOSCH-ови, оригинални за 16V 150кс дизели. (има и за други модели додуша)
Не ги знам точните отчитувања од твојот MAF сензор, но дали волтажата на сензорот се приближува у 3-та или 4-та пуна гас од 1500-4000рпм блиску до 4,8-4,9V? Ако да, тогаш веројатно си на граница или ја премашуваш границата до која може MAF сензорот да мери. Различни MAF сензори, се различно калибрирани, некои имаат капацитет од 480KG/h, (како кај јтд 8в на пример), нашиве мислам дека се до 700KG/h. Секако, и едните и другите, при максималниот за нив проток даваат 4,9V на ECU-to, така да, ако имаш несоодветен MAF, или мапата не е калибрирана за новиот MAF, многу веројатно дека возилото нема да работи со оптимални параметри. На пример, за едниот MAF, сигнал од 2.5V значи 240KG/h, а за другиот MAF сигнал од 2.5V значи 350KG/h проток на воздух. Така да, прво мора да се отклони MAF муабетот, па после да се р`чка турбото. Уствари, прво мора да бидеш сигурен дека сите сензори се ОК, MAF, MAP, Rail Pressure пред се`, дали е добар VNT соленоидот, VNT вакуумскиот актуатор, сите црева околу (мојата имаше leak на едно вакуумско цревце, па тоа праеше чудни проблеми исто така)...
Она што може да ти го кажам, само здравје и трпение, и здрав разум и логика, и полека полека ќе се најде маката...

Edit, сега видов дека си постирал, грешки, ќе ги погледнам, па ако имам нешто да кажам, ќе пишам пак...