Здраво на сите.
По неколку месеци потрга по кола, решив дека мора да биде Alfa 147 прво ги гледав обичните, но кога видов каков дизјан има редизајнот се одлучив да барам баш таков модел.Гледав нешто низ Скопје, но неможев да најдам ништо што ми прави мерак, па се одлучив да тркнам до Паланка да видам што има и таму се решив да купам едно возило, кое надворешно не беше нешто многу сочувано, има на некои делови ситни гребаници,вдлабнатини и слично, но затоа па беше внатрешно доста сочувана,од било која досега видена, без многу да мислам ја земав, пошто знаев дека било која кола купена на старо ме чека сервиси,поправки и слично така да која и да ја земев,бев спремен да ја средам максимално колку што можам.
Модел: Alfa Romeo 147 1.9 JTDm 16v 110kw 150ks
Слика ке ставам сега една, деновиве ке ја сликам поубаво.
Досега направени сервиси:
- 4 нови летни гуми Корморан
- Сменето масло, и сите филтри (масло,воздух,нафта,полен)
- Комплет сет (ребраст каиш,затегач и водна пумпа) + нов Антифриз
- Комплет сет (Valeo сет ламела, потисна и друг лагер) - иако небеше морално, можеше уште да тера јас сакав да ја сменам
- 2 нови пумпи за мењач - небеше морално, но сепак решив да ги сменам да не ги мислам за понатаму
- Сменет држач на моторот
- Лепење на интеркулер (беше скинат, после лепење добив доста на снага)
- Полење на клима
- Репарирање на цела предница кај тихо
- Нов маф сензор
Сега за сега е ок, мислам дека голем дел средив сега ке видиме како ке се покаже понатаму.