Веќе поминаа години време е да ја освежам темава, колата доживеа многу работи со мене сега ќе ги набројам најзначаните работи кој се сменети, и што планирам да правам
- Нова и репарирање на предница (сменето многу пати сум пробал и репарирање и нови, по мое искуство репарирањето не се исплати, само нови најчесто ги носам од германија затоа што тука претеруваат со цените , цена на нова предница е околу 150 еура, траат година до две во зависност како се вози колата и зависи на каков пат се вози)
- Маф сензори ( сменети неколку пати, пробани повеќе модели, секогаш со оригиналниот Bosch сензор сум добивал најточни резултати во однос на тоа што го бара ecu то и вредноста што ја дава мафот, но од мое искуство доколку сакате малце повече торк и снага тоа може да го постигнете со Pierburg 7.22701.08.0 одговара и на еуро3 и на еуро4, моментално возам Hoffer подобар е од Bosch-овиот а послаб е од Pierburg)
- EGR OFF - (исклучено и компјутерски и плус е ставено плате)
- Предни амортизери Монро а позади репарирани (од предните сум задоволен од задните мислам дека не се како што треба ми прават некоја бучава на дупки и треба да се заменат со нови)
- Сменети предни и задни стабилизатори (неколку пати)
- Нов хладњак на клима сменет јер стари црко ( средено кај интерфриго)
- Clutch pedal switch Нов оригинал TRW
- Нови Brembo предни + задни плочки + 2 нови сајли за рaчна
- Паркинг сензори
- Репарирање на сите 4 дизни кај Bosch Service Stojce
- Затемнување на стакла
- Кумблуг шајбан на алтернатор
- 2 нови спони на летва
- Исправање на сите 4 бандажи кај Глигориј
- Центрирање на предница и задница
- Заден десен лагер нов
- Акумулатор EXIDE 75ah
- Handsfree/Блутут радио Алпина + звучници Alpina напред и позади
- Нови магленги за магла
- Ново турбо од Ужице со 1 година гаранција
- Оригинал К&N Филтер
- Нова Грана
- Inox цевки од усис до интеркулер и до турбо
- Монтажа на Леќи во фарови
- Моментално се работи на монтажа на звучна изолација со 10мм дебелина на целата кола
Има уште многу да набројувам сигурно нешто иам заборавено.... сега може и некоја слика