Автор Тема: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake  (Прочитано 14340 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #15 на: 08 Март 2016, 17:13:03 pm »
Некој погоре кажа. Или ти се свиѓа или не ти се свиѓа.
Аутото е топ...Незнам дали некој не посакува да го има...Скапо е, веројатно не само заради тоа што е мерцедес.
Освен нормално неколку ликови на форумов кој се толку многу заглавени во времето, ограничени со боите и заробени во канџите на конзервативното.

Дури ми се чини дека споделените информации се контрадикторни со овие кои ги читам овде...
Ке наведам неколку:
"Несекојдневност со луксузен лик" -  Во насловот.
"Изгледот на задниот дел нема да биде по сечиј вкус" - во понатамошниот текс. Што е нормално но е контрадикторно... Текстот не е генерализиран, но кога се чита делува збунувачки...
За да продолжи понатака со реченицата: но CLA Shooting Brake е забележлива појава на нашите улици....
Појава во кој контекст...Одвратен (по неколкуте напишани коментари по објавата на постов) или навистина појава која што претставува ПОЈАВА (по која секој ке се заврти и ке рече - "Добра е мечкава нек си ибе матер")

Ентериерот е топ, фино објасни Дени, и на порталот мислам истото е напишано.
Но конфор, мислам се знае што може да се очекува од ова возило.
Ајде споредете го со комфорот во 159-ката...
Баш ме интересира директна споредба...
Ако мерцедесов нема конфор позади за возрасни, каков комфор има во 159-ката??

@Џонтра
:D :D :D
Осмесиве се иронични, да не ме разбереш погрешно...
Секој си има свој вкус :)

Не дека мене ми е нешто спектакуларен задниот дел, но колата е далеку од ружна или незнам каква...
И 100% без резерва сум убеден дека сите оние што рекоа дека е ружна, длабоко во себе сакаат безрезервно да ја поседуваат...
;)

р.ѕ.
Уствари не е така...
Ја заинат зборам.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #16 на: 08 Март 2016, 17:17:59 pm »
Уффф не. Би сакал да ја поседувам, но не безрезервно.
Исто како и со Твингото, да, грда задница има ама го возам пошто го имам. Исто така и ова ради би го имал него да го немам, но долга е редицата на возила кои би сакал да ги имам пред ова створов.

Јас не велам дека сите имаат еде вкус, напротив секој си има свој вкус. Ама вкусовите на некого се чувај не Марксе од полошо ;D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #17 на: 08 Март 2016, 17:25:52 pm »
Исто како и со Твингото, да, грда задница има ама го возам пошто го имам.

Да, зошто ти го дале да го возиш. А Мерцедес тешко дека ке ти дадат да возиш, а и тие истите нема да си дозволат да го имаат...Можда Меган ке возат...
За да ја возиш колава треба да имаш кеш и муда...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #18 на: 08 Март 2016, 17:26:13 pm »
Еве јас се пријавувам дека воопшто не посакувам да ја имам (а камо ли „безрезервно“), поради тоа што е ружна и поради глупоста со името "Shooting Brake", а е обичен караван.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #19 на: 08 Март 2016, 17:49:26 pm »
А Мерцедес тешко дека ке ти дадат да возиш
Многу јасно, што значи дека јас никогаш нема да го купам. Пресреќен би бил кога би возел BMW1 наместо ова.

За да ја возиш колава треба да имаш кеш и муда...

Кеш да, муда дефинирај зошто би ти требало? Па пола од играчкиве ги возат жени. А сум возел и S класа пола година, проаѓам ли на квалификации?


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #20 на: 08 Март 2016, 17:55:58 pm »
Оставете ги на страна жените, денес им е пичковден, остајте на страна Ѕ класи...
Забеби квалификации и не глуми лудило коа знаеш за што треба да се разговара.
И на страна фкусови...

Реков ајде споредба. Простор позади за патници.
Ајде споредба квалитет на изработка на внатрешност.
Ајде споредба удобност, бука во кабина...
И да не набројувам понатака...

Не го дрвете како баби некој...

И да @Џонтра , ова е играчка, твингото е монструм, а Ѕ класата е ракета што си ја возел...
Башка играчкиве жени ги возат :D :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #21 на: 08 Март 2016, 18:00:15 pm »
Да ти одговорам:

"Несекојдневност со луксузен лик" -  Во насловот.

- Да, колата е несекојдневна. Да, ликот е луксузен, барем од напред. Што е тука контрадикторно?

"Изгледот на задниот дел нема да биде по сечиј вкус" - во понатамошниот текс. Што е нормално но е контрадикторно... Текстот не е генерализиран, но кога се чита делува збунувачки...

- Не разбирам што те збунува тука..

За да продолжи понатака со реченицата: но CLA Shooting Brake е забележлива појава на нашите улици....
Појава во кој контекст...Одвратен (по неколкуте напишани коментари по објавата на постов) или навистина појава која што претставува ПОЈАВА (по која секој ке се заврти и ке рече - "Добра е мечкава нек си ибе матер")

- Забележлив е. Јебига, дали по добро, дали по лошо - тоа е субјективно, ама колата се забележува. You notice it. Кога ја возев, луѓе ја забележуваа, се вртеа и ме прашуваа. Појава, глетка, како сакаш формулирај го. Не ПОЈАВА У ПИЧКУ МАТЕР, него појава, тука е, се појавува. Соодветно е забележлива појава.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #22 на: 08 Март 2016, 18:05:37 pm »
- Забележлив е. Јебига, дали по добро, дали по лошо - тоа е субјективно, ама колата се забележува. You notice it. Кога ја возев, луѓе ја забележуваа, се вртеа и ме прашуваа. Појава, глетка, како сакаш формулирај го. Не ПОЈАВА У ПИЧКУ МАТЕР, него појава, тука е, се појавува. Соодветно е забележлива појава.

Тоа е тоа. Фала на одговорот.
Секогаш постојат некој личности на кои нешто не им се допаѓа, но успехот на одреден производ е заради поголемиот број на "лајкови" да речам , а не на оние кои го хејтаат тоа...Тие се капка во морето.
 
А останатите прашања?
Немораш ти да одговориш, може и останатите кои се возеле...

Еве и @Џонтра може да одговори, он највеќе го завергла.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #23 на: 08 Март 2016, 18:11:54 pm »
- Позади простор за патници има во рамките на класата. Не заборавајте дека CLA & CLA Shooting Brake (без разлика дали на Велештрумф му се свиѓа името или не, тоа си е) се базирани на А-класа и сите имаат исто меѓуоскино растојание.. Има исто толку простор колку што има во А класа - а тоа е во рамките на просекот во класата, можеби и помалку. Ако седам јас на предно седиште, позади има место за уште еден. Ако седи повисок човек од мене, ќе биде тесничко, да бидеме реални.

- Квалитет во ентериер - меѓу врвот во класата. Сепак е Мерцедес. Има некои промашени пластики кои јас не би ги дозволил во Мерцедес, но ете, проаѓаат. Во секој случај, фино е внатре и дефинитивно го има оноа чувство дека си во Мерцедес.

- Удобност - сосема океј. Буката е исто добра - ЦЛА има меѓу најниските коефициенти на отпор на воздух, и тоа се осеќа во кабината при поголеми брзини.

Мене ми е страшно ружно позади. Исто како што и CLA ми е страшно ружно позади. Дали сакам да го поседувам? Не знам, пре би нормална A-Class со добар мотор него ова. Задниот дел ми е страшно, страшно непривлечен.

Ама па кога ќе размислам дека за истите пари ќе земам не-премиум хечбек што ќе биде опремен до јаја, побрз, поекономичен, со подобар ентериер, повеќе опрема и повеќе практичност, А-класа како концепт ми отпаѓа..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #24 на: 08 Март 2016, 18:23:15 pm »
Еве јас се пријавувам дека воопшто не посакувам да ја имам (а камо ли „безрезервно“), поради тоа што е ружна и поради глупоста со името "Shooting Brake", а е обичен караван.
Убаво срочено.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #25 на: 08 Март 2016, 18:33:38 pm »
- Позади простор за патници има во рамките на класата. Не заборавајте дека CLA & CLA Shooting Brake (без разлика дали на Велештрумф му се свиѓа името или не, тоа си е) се базирани на А-класа и сите имаат исто меѓуоскино растојание.. Има исто толку простор колку што има во А класа - а тоа е во рамките на просекот во класата, можеби и помалку. Ако седам јас на предно седиште, позади има место за уште еден. Ако седи повисок човек од мене, ќе биде тесничко, да бидеме реални.

Toчно. Не гледаме име, презиме. Функционалност.
Пример еве во споредба со 159-ка, еве нека е и тројка БМВ. Сите ги имате возено...Видено...
Субјективна споредба.

- Квалитет во ентериер - меѓу врвот во класата. Сепак е Мерцедес. Има некои промашени пластики кои јас не би ги дозволил во Мерцедес, но ете, проаѓаат. Во секој случај, фино е внатре и дефинитивно го има оноа чувство дека си во Мерцедес.

Тоа сакам да го кажам и јас.

- Удобност - сосема океј. Буката е исто добра - ЦЛА има меѓу најниските коефициенти на отпор на воздух, и тоа се осеќа во кабината при поголеми брзини.

Значи има некој ликови кои работат на тоа, добро се платени, добро ја сработиле домашната!
Нормално дека и треба да се осети.
Резултатот за намалување на буката не е само ставање на звучна изолација, него макотрпно дизајнирање на линијата на возилото...Сите виорни струења на воздухот, сите потенцијални пречки и предизвикувачи на бука да се направат аеродинамични итн итн...се тоа чини време, а времето е пари...Цената е таа...

Мене ми е страшно ружно позади. Исто како што и CLA ми е страшно ружно позади. Дали сакам да го поседувам? Не знам, пре би нормална A-Class со добар мотор него ова. Задниот дел ми е страшно, страшно непривлечен

Поштувам вкусови.
Тебе ти е преружно, на уште 10 исто така, но на пример останати милион им е прекрасно...
Пред да исфрлиш некој краен производ на пазарот се прави анализа на општото мислење...
Не сум стручњак во таа област па не знам како се нарекува стручно тоа.
Но очигледно цената по која се продава е прифатлива како за квалитетот така и за дизајнот. :)

Ама па кога ќе размислам дека за истите пари ќе земам не-премиум хечбек што ќе биде опремен до јаја, побрз, поекономичен, со подобар ентериер, повеќе опрема и повеќе практичност, А-класа како концепт ми отпаѓа..

Јас не би одбрал непремиум бренд...Ова се многу пари...
Присети се на твојот претходен пост...

- Забележлив е. Јебига, дали по добро, дали по лошо - тоа е субјективно, ама колата се забележува. You notice it. Кога ја возев, луѓе ја забележуваа, се вртеа и ме прашуваа. Појава, глетка, како сакаш формулирај го. Не ПОЈАВА У ПИЧКУ МАТЕР, него појава, тука е, се појавува. Соодветно е забележлива појава.

Не верувам дека некој ке се заврти овака по некоја Шкода или Сеат или Киа или Хјундаи итн итн...
;)

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #26 на: 08 Март 2016, 19:06:17 pm »
Не глеам причина зашто уопште би се споредувале со 159 ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #27 на: 08 Март 2016, 19:08:04 pm »
Ни јас.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #28 на: 08 Март 2016, 21:04:50 pm »
khm..136..khm..hp.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: CARclub Тест: Mercedes-Benz CLA 200 CDI Shooting Brake
« Одговори #29 на: 08 Март 2016, 21:24:59 pm »
Алфата е спомната како поголема класа, која треба да има, нели, по некоја норма, многу повеќе простор.
Реалната ситуација е дека има помалку од ЦЛА-то.
Тоа е поентата. Само треба некој да ја нацрта, очигледно.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.