Некој погоре кажа. Или ти се свиѓа или не ти се свиѓа.
Аутото е топ...Незнам дали некој не посакува да го има...Скапо е, веројатно не само заради тоа што е мерцедес.
Освен нормално неколку ликови на форумов кој се толку многу заглавени во времето, ограничени со боите и заробени во канџите на конзервативното.
Дури ми се чини дека споделените информации се контрадикторни со овие кои ги читам овде...
Ке наведам неколку:
"Несекојдневност со луксузен лик" - Во насловот.
"Изгледот на задниот дел нема да биде по сечиј вкус" - во понатамошниот текс. Што е нормално но е контрадикторно... Текстот не е генерализиран, но кога се чита делува збунувачки...
За да продолжи понатака со реченицата: но CLA Shooting Brake е забележлива појава на нашите улици....
Појава во кој контекст...Одвратен (по неколкуте напишани коментари по објавата на постов) или навистина појава која што претставува ПОЈАВА (по која секој ке се заврти и ке рече - "Добра е мечкава нек си ибе матер")
Ентериерот е топ, фино објасни Дени, и на порталот мислам истото е напишано.
Но конфор, мислам се знае што може да се очекува од ова возило.
Ајде споредете го со комфорот во 159-ката...
Баш ме интересира директна споредба...
Ако мерцедесов нема конфор позади за возрасни, каков комфор има во 159-ката??
@Џонтра
Осмесиве се иронични, да не ме разбереш погрешно...
Секој си има свој вкус
Не дека мене ми е нешто спектакуларен задниот дел, но колата е далеку од ружна или незнам каква...
И 100% без резерва сум убеден дека сите оние што рекоа дека е ружна, длабоко во себе сакаат безрезервно да ја поседуваат...
р.ѕ.
Уствари не е така...
Ја заинат зборам.