После одредени пребарувања по огласите, па дизел да било, па да не било незнам ептем старо, вака така, па после совети со пријател од Велес, прекупец на коли, се одлучивме повторно за бензинче со плин.
Карактеристиките ги знаете повеќето од вас, 1.3 мотор со карбуратор и 43 kw сила, произведена 1995 година. Помината километража 140 000. Има и плински уред, неатестиран кој ке се атестира наредниов период
Она што не полажа да ја земеме колава се советите на еден пријател прекупец од Велес со кој добро стоиме, и тој ни предложи фелиција како возило тамам за нашата черга.
Но исто така совети добив и од тукашен закоравен фан на Шкода, благодарност до Пинки, а исто така и од Миле.
Воедно благодарност и до другите членови, а тоа се Ахтунг и Смичка кои ги замарав за француските возила и нивните маани.
Сега да се навратиме на колата. Еве некои слики од пред 3 недели:
Ова се слики од денес:
Колата ја земавме со одредени маани, односно со отидени комплет 4 амортизери и пукната шофершајбна. Шофершајбната ја сменивме одма после 3-4 дена од ЕДЕЛПРОМ 4300 денари, а исто така денеска си доби и нови 4 амортизери, 2 предни марка БОГЕ купени од Мега Ауто Партс за 3000 денари двата и 2 задни амортизери од Автомобил марка NBNF за 3560 денари двата. Исто така и задниот трап бил малку клекнат и го поткренале
Еве слика од БОГЕ-то, а од задните немам, денес додека спиев, чале отишол и ги сменил:
За амортизерите комплет 8000 денари не чинеа.
Следно што треба да и се менува се напред чаури, свекици (човекот од кој ја купивме, ја зел со моменталните свекици и прошол уште 50 000 и сега преминува во наша сопственост), уље и филтри за уље и воздух.
Исто така сакав да се сменат и дисковите пошто се познава жлеб од кочењето, ама денес кога се монтирале амортизерите и на лице место таму ги виделе во автомобил и му рекле на таткоми дека имаат уште доста дебелина за кочење, дека можат да истераат уште, а има и прилично нови плочки, па сега засега тоа ке остане иако можам да земам АТЕ дискови од Мега ауто партс за 2100 денари.
И тоа е тоа.