Автор Тема: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995  (Прочитано 13964 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« на: 30 Мај 2015, 22:12:58 pm »
После одредени пребарувања по огласите, па дизел да било, па да не било незнам ептем старо, вака така, па после совети со пријател од Велес, прекупец на коли, се одлучивме повторно за бензинче со плин.

Карактеристиките ги знаете повеќето од вас, 1.3 мотор со карбуратор и 43 kw сила, произведена 1995 година. Помината километража 140 000. Има и плински уред, неатестиран кој ке се атестира наредниов период
Она што не полажа да ја земеме колава се советите на еден пријател прекупец од Велес со кој добро стоиме, и тој ни предложи фелиција како возило тамам за нашата черга.
Но исто така совети добив и од тукашен закоравен фан на Шкода, благодарност до Пинки, а исто така и од Миле.
Воедно благодарност и до другите членови, а тоа се Ахтунг и Смичка кои ги замарав за француските возила и нивните маани.

Сега да се навратиме на колата. Еве некои слики од пред 3 недели:












Ова се слики од денес:






Колата ја земавме со одредени маани, односно со отидени комплет 4 амортизери и пукната шофершајбна. Шофершајбната ја сменивме одма после 3-4 дена од ЕДЕЛПРОМ 4300 денари, а исто така денеска си доби и нови 4 амортизери, 2 предни марка БОГЕ купени од Мега Ауто Партс за 3000 денари двата и 2 задни амортизери од Автомобил марка NBNF за 3560 денари двата. Исто така и задниот трап бил малку клекнат и го поткренале
Еве слика од БОГЕ-то, а од задните немам, денес додека спиев, чале отишол и ги сменил:


За амортизерите комплет 8000 денари не чинеа.

Следно што треба да и се менува се напред чаури, свекици (човекот од кој ја купивме, ја зел со моменталните свекици и прошол уште 50 000 и сега преминува во наша сопственост), уље и филтри за уље и воздух.
Исто така сакав да се сменат и дисковите пошто се познава жлеб од кочењето, ама денес кога се монтирале амортизерите и на лице место таму ги виделе во автомобил и му рекле на таткоми дека имаат уште доста дебелина за кочење, дека можат да истераат уште, а има и прилично нови плочки, па сега засега тоа ке остане иако можам да земам АТЕ дискови од Мега ауто партс за 2100 денари.

И тоа е тоа.

« Последно менување: 31 Мај 2015, 23:00:16 pm FiLo »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #1 на: 30 Мај 2015, 22:22:11 pm »
Màgare od kola e felicijava..Tvojata e so full oprema ima maska pod radioto do menjacot.
Servis u kisela voda kaj rampa dekcite se pedanterii ekstra rabotat dvajca ortaci se kje go baras Dejan samo skodi rabotat i delovi kolku sakas.
So zdravje da si ja trkalate...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #2 на: 30 Мај 2015, 22:24:38 pm »
Убаво шкодичево, со здравје да си ја возите.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #3 на: 30 Мај 2015, 22:39:25 pm »
Фала ви и на двајцата.
Иначе Влатче, ги знам, автосервис ЦО, веке и на ФБ станав пријател ;D. Иначе ова е првата верзија, и таа маската под радиото е накнадно додавана најверојатно пошто така целата е лабава, не е стегната ко што треба.
А радиото зјае така пошто тоа радио што го имаше кога ја земавме, доагам дома ај да го пробам и целото почна звуци да вади, да зуи и го извадив.

Иначе сега треба кај акумулаторот да ја зашмирглам малку и да и нанесам боја зашто од акумулаторот ми тече киселина и бело остава и нагризува, ама тамам сега да се ослободам од испитите што ги имам.

Иначе треба што поскоро да ја носам во ЦО да ми го проверат палењето, да видат ако треба штелување на вентили и плинот да се штелува затоа што релативно висока потрошња ми вади, првиот пат 16, вториов пат 13.5 литри на 100, а вожња со релативно пазење, возење 50-60 км/ч со 5 степен на менувачот.
А и дихтунгот на капакот да го сменам, ми подлизнува по малку уље, се гледа и на сликите дека е запрљан предниот дел од моторот.
И ако можам да најдам обртометар да и ставам.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #4 на: 30 Мај 2015, 22:44:08 pm »
Не си згрешил со амортизерите од автомобил. Јас 8 години го возев по нашиве дупки.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #5 на: 30 Мај 2015, 22:47:32 pm »
Еииии... Фелиција прва серија... Своевремено најпродаваната кола во Македонија!
Ова изгледа доста пристојно, малце фали да биде топ!
Со здравје да се вози!

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #6 на: 31 Мај 2015, 00:17:52 am »
^^
Благодарам. Па визуелно вака, задниот лев полумесец малце корозија има, напред предно десно крило чукнато му е и малце боја треба да се нанесе и напред кај предната маска знакот е набиен навнатре, наводно во мала сообракајка, напред некој пред него кочел и овој некако докочил ама тој имал кука и кога задниот дел почнал да се спушта, со куката директ во знакот. Не е ништо страшно. Едно полирање и фали, малку да се подосвежи бојата, особено од возачката страна.

Жиле, само задните се од автомобил, предните се од Мега ауто партс земени. Во Мега немаше задни БОГЕ за фелиција, само Сач, 1900 ми ги даваа, па вака така и на крај од автомобил.
Мада во гарантниот лист за задните амортизери го пишале серискиот број, и кога на http://www.findpart.org/ го откуцувам, ми вади монро амортизери. Еве, под каталошки број 15016 ова ми го вади: http://www.findpart.org/search/?num=15016

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #7 на: 31 Мај 2015, 03:15:04 am »
Создравје да си ја возите, зет ми и сестра ми имаат и ваква, преку цела година маста и ја вадат и нема мака, кај не е дрнкана, многу издржливо возило, мењачето на ова влегува ко жежок нож низ путер ...


Ако некогаш имаш потреба од резервни делови, имаше еден тип у шутка, за багатела цени, ќе се потрудам да ти најдам број ако сакаш
No turbo, no fun :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #8 на: 31 Мај 2015, 03:20:11 am »


^^
Благодарам. Па визуелно вака, задниот лев полумесец малце корозија има, напред предно десно крило чукнато му е и малце боја треба да се нанесе и напред кај предната маска знакот е набиен навнатре, наводно во мала сообракајка, напред некој пред него кочел и овој некако докочил ама тој имал кука и кога задниот дел почнал да се спушта, со куката директ во знакот. Не е ништо страшно. Едно полирање и фали, малку да се подосвежи бојата, особено од возачката страна.

Жиле, само задните се од автомобил, предните се од Мега ауто партс земени. Во Мега немаше задни БОГЕ за фелиција, само Сач, 1900 ми ги даваа, па вака така и на крај од автомобил.
Мада во гарантниот лист за задните амортизери го пишале серискиот број, и кога на http://www.findpart.org/ го откуцувам, ми вади монро амортизери. Еве, под каталошки број 15016 ова ми го вади: http://www.findpart.org/search/?num=15016

Види, NBNF се под капа на монро ич нека не те чуди тоа што излага. Инаку прв пат слушам за овие Боге.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #9 на: 31 Мај 2015, 03:26:41 am »
Создравје да си ја возите, зет ми и сестра ми имаат и ваква, преку цела година маста и ја вадат и нема мака, кај не е дрнкана, многу издржливо возило, мењачето на ова влегува ко жежок нож низ путер ...


Ако некогаш имаш потреба од резервни делови, имаше еден тип у шутка, за багатела цени, ќе се потрудам да ти најдам број ако сакаш

Е фала. Иначе не е на одмет да се има таков број, слободно пиши.
Иначе и вака на ново да бараш некои делови не е скапа во глобала. Баш гледав, претходниот газда ја одржувал во Кико Фаворит сервисот онде кај Југодрво и има фактури од што ја одржувал, повеке на работна рака му отишле парите него на делови.
Ланче и сменил на 97 000 км, 1100 денари ланчето чинело, а работна рака ми се чини 600-800 денари.

Види, NBNF се под капа на монро ич нека не те чуди тоа што излага. Инаку прв пат слушам за овие Боге.

http://megaauto.com.mk/brands/boge-2/
Ко што гледав, германски се.
Во автомобил, предните амортизери исто NBNF, 2180 денари. БОГЕ-во 1860, со рабат за 1500 еден ни го дадоа во Мега и во автомобил 600 ден за предните монтажа земаа, а за задните во цената си влегува монтажа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #10 на: 31 Мај 2015, 08:59:14 am »
Види, NBNF се под капа на монро ич нека не те чуди тоа што излага. Инаку прв пат слушам за овие Боге.

Немој вакви работи. NBNF се кинески амортизери, со никаква релација со Монро. Ете, можда им ги ќариле сериските броеви.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3875
Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #11 на: 31 Мај 2015, 10:21:39 am »
Немој вакви работи, Boge станаа анонимни а NBNF бренд :)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #12 на: 31 Мај 2015, 13:04:23 pm »
Убер фелацио... Со здравје да се вози, само бојава малце треба да се среди. Да не е фарбана со ваљаче ? ;D

За радио ако сакаш да ти шитнам еден кларион од 86та, кажи.. ;D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #13 на: 31 Мај 2015, 13:05:47 pm »
Знам дека се кинески, али како да имам некаде прочитано дека се праат под капа на монро, а може и грешка сум.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Шкода Фелиција 1.3 LX 1995
« Одговори #14 на: 31 Мај 2015, 13:29:51 pm »
А за Боге не си прочитал?