Мора да било ептен посебно чим Симо така емотивно сподели.
Сигурно си викаш, од сите работи, тоа требаше прво да направам
Не, не гледам така на работите. Некако принципот што го терам е вака: Кога нешто треба да се менува, смени го со ОЕМ+, не со најефтиниот дел на пазар. Генрално, колата станува поинитересна и подобра и повеќе се движи накај проект со тек на време. Станува поинтересена со тек на време, си има своја приказна. Воглавно не би менувал делови чисто ради билд. Не на оваа кола, оваа не е билд од почеток, оваа е нормална кола. Со приказна. Секако има исклучоци, ја спуштив, сменив турбо, бандаши, и некои други ситници, работи кои генерално сакав од старт да ги направам, ама остатокот - кога ќе му дојде време ќе се подобрува.