11-та регистрација под моја капа, си ја помина ко ново ауто. Десет цели години. 207.000км. Во меѓувреме се сменија куп други „споредни“ коли, оваа некако не сака да си оди. 15 години е стара,уште механички одлична, а и естетски солидна. Времето си го зема својот данок во поинтензивно одржување, и некои естетски знаци на старост, но сега за сега ништо страшно. Некако не ми се продава, би ја чувал уште, а до кога - ќе видиме
Трошоците за одржување одат нагоре, но мислам дека сега е дојдено време и километри кога одржувањето го зима главниот данок, па потоа повторно ќе биде порелаксирано. Оваа година покрај редовните уљиња и филтри, доби долни предни вилушки, комплет нови кочници, гуми, ситна интервенција на картерот. Во блиска иднина ќе добие и нови амортизери, веројатно некој нов држач на мотор, сет дмф/ламела/потисна/друк лагер и некои други ситници кои покажуваат знаци на старост/изабеност. Здравје, ќе видиме што ќе се случува во иднина

