Турбината е друга прикаска. Ако имам време и бидам дома, можда првомајска, да го прославиме празникот на трудот како што доликува
Од растропан варијатор веројатно нема да „отиде“ мотор, идејата беше ако ги игнорираш симптомите дека полека полека ќе се растропаат и други работи, не само варијатор.Варијаторите се само првиот симптом дека нешто тргнало на лошо... До колку нема соодветен притисок на уље, ќе отидат брегасти, летечи лагери, можно и лежечи, нема доволно притисок за уљето да стигне до клиповите преку бризгалките за ладење итн...
Мајстори и сервиси се водени од профит, не е исплатливо сервисот да се ангажира работна рака цел ден за оваков зафат, а да не може да наплати ни 2-3.000 денари. Јасна е борбата тука. Не ги окривувам.
Инаку дечки, смањите доживљај, навистина не се осеќам како херој, сепак ова не е процедура која бара којзнае каква стручност и знаење. Најмногу бара трпение, нерви и колку-толку вешта рака, не е хирургија на мозок