Денес, втор дел штрафење. Овој пат, да го сменам оштетениот капак на ремените. Стариот почна да се рони од топлина и старост.
Имаше и тука италијанска „иновативност“, покрај тоа што треба да извадиш цевка за гориво од високопритисочната пумпа, да отшрафиш едек куп држачи и стеги, да „смислуваш“ нови алати, пошто нормални клучеви не влегуваат на недостапните места, еден штраф очигледно бил наместен пред да се намести fuel rail-от:
https://i.imgur.com/OI6GiqI.png.
Пред да продужам понатаму, имав неколку опции:
Да се откажам од држачот за капакот:
https://i.imgur.com/AfMM7RQ.png па да остане само капакот на 3 наместо на 5 штрафа,
Да вадам усисна грана и отшрафам шината за инџекторите,
И да направам „балканска“ модификација на држачот.
Секако, можев да се откажам, но веќе имав купено дел, па зошто не би го монтирал. Исто така вадење усисна грана и рејл без да мењам инџектори, не ми иде, така да остана „балканската“ опција: Цвикцанглата, и направив место шрафот да влезе и да го стегнам држачот
https://i.imgur.com/qEpjLUl.pngСе стегнато и вратено на место
https://imgur.com/JbPHWBK.png, на крај испрана и „освежена“