Кој си има алфа, ќе си штрафи секој викенд
Денес се нафатив сам да го сменам термостатот и садот за антифриз.
Процедурата за промена термостатот е прилично сложена, пристапот е катастрофа. Опишана е тука, ако некој е заинтересиран да види што треба да се направи:
https://www.alfaowner.com/threads/guide-1750tbi-thermostat-replacement.1175277/(на дечково многу му е гнасен моторот, кај мене е далеку почисто)
Јас поминав со помалку растурање (не ги откачував каблите од EKU-то), но генерално тоа е...
3 ипол саати, доста незогдна позиција за работа, една гедоре тринаеска изгубена (падна на капакот доле, и ја истресов на тест вожња некаде), и заштедени пари за мајстор. Ќејфот сам што си завршив работа, педантно и лагано без брзање - прајслес!
Стрелката на 90 степени не ја гледав ни во лето, сега работна температура се постигнува за неколку минути возење.