Симо држи се, од урок е 100%.
Знам ја, требаше пред пат у црква свеќа да запалам...
Него ми западна во очи нешто на сајтон Alfisti.
"We only sell quality products from Alfa Romeo"
Хихихи
Quality, they say...
У Јапан да не се произведува Алфа?
Паѓаат во вода муабетите за неевропските коли и немањето делови на лагер. Значи исти ѓавол и со европските.
Мислам дека 159/Brera со TBI мотор се нема продадено преку импортерот во Македонија... Поправете ме ако грешам. А и да се продале, максимум 3 се такви. Затоа не ни држат делови на лагер...
За Giulietta QV исти се дизните или друг код?
Една црна 159 TBi стално е паркирана во Порта Влае. Мислам дека е нешто поврзана со сопствениците на брендот во Мк.
Имаа 2. Црната и црвена Ти.
Црвена е смената со Џулиа.
Само таа 159 TBi беше пред да ја донесам јас. Други нема, со сигурност. Giulietti QV кои имаат многу сличен мотор, има неколку увезено не повеќе од 3-4, не знам дали има некоја воопшто QV со новиот Euro6 мотор со 240кс.
Како и да е, барав пред одмор специфичен дел за мојата 159-ка, различен од сите други 159-ки, сад за антифриз кој има 3 отвори за црева наместо 2. Нема шанси од Аутоск, освен ако не сакаш да си ја паркираш колата 3 месеци дур да стигне и да го платиш како од злато да е садот, а не од најскапаната пластика.