Автор Тема: GPS уред  (Прочитано 7935 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
GPS уред
« на: 29 Мај 2015, 03:43:09 am »
дајте понуди кој што има, а не му треба... да е исправен, сочуван... и по можност да е среден со мапи, но не дека неможам и јас да си го средам...

пишете тука или во пп... и обавезно цена. големина на екран намерно не пишав, затоа што понудете кој што има...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: GPS уред
« Одговори #1 на: 29 Мај 2015, 04:11:56 am »
а да си симнеш навигација на телефон, ем поевтино ем понебезболно, недај боже да го заборавиш на шофершајбна, пепел ќе ти напраат, а телефон ретко дека ќе го заборавиш



п.с: ако некогаш те води пат накај бувљак на кале од сабајле(али рано накај 5), застани види, другарче начека така гармин за смешни пари али не го зел пошто има фабричка навигација
No turbo, no fun :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: GPS уред
« Одговори #2 на: 29 Мај 2015, 10:13:32 am »
Онак, пробај го Osmand за андроид. ОДлична апликација за офлајн навигација. Толку е прецизен што кога возиш дури ти кажува и дали си во правата лента.
Сестра ми низ Прага секој ден го користи и ниту еднаш ја нема зафркнато а секој ден вози низ прага на десетици локации. Јас сум го користел низ скопје, косово, македонија и белград онака чисто ради тест и го препорачувам секому.

GPS специјалните апарати за навигација повеќе ми немаат никаква смисла да постојат.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: GPS уред
« Одговори #3 на: 29 Мај 2015, 10:33:22 am »
абе уред сакам. нејкам преку телефон.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: GPS уред
« Одговори #4 на: 29 Мај 2015, 21:37:16 pm »
Јеботе уред те јебо...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: GPS уред
« Одговори #5 на: 29 Мај 2015, 21:56:26 pm »
абе уред сакам. нејкам преку телефон.

Апсолутно се слагам. Телефон е телефон, а ГПС е ГПС.
Патувам, пратам мапи, и оп, телефонот се прегреал...Не еднаш, него 100 пути  ми се има тоа десено. Да не зборам дека нонстоп треба да биде на полнач закачен.
ЗОШТО?
Затоа што за 3 часа ке немаш батерија.
А ако работиш со телефонот, ке се сликаш!
И додека те навигира, не дај боже да ти зазвони некој...Се изгуби.
Онак си е човек кој работи со телефонот, и навигација му е потреба. Патува нонстоп, не сака да се замара со дркавци.
За мене навигација на телефон е играчка, која може да помогне во дадена ситуација. Ништо повеќе.
Само ние сме најпаметни со инсталирање на ГПС програми на телефони.
Нормално.

Онак, би ти препорачал да си погледнеш некое ново Гарминче и да си ги решиш проблемите...
Има често на акција за 4000 денари со доживотни апдејти на мапи и бла бла бла бла...
Половни уреди најчесто кои се продаваат или се издрндани, или немаат веќе подршка, или се преспори итн итн...

Сега скоро имав еден другар кој ми донесе Навигон, за кој едвај најдов некој фикс за да проработи. Го купил ефтино, 2000 денари, ГПС-от изгледаше прекрасно, али бее не употреблив. Прво имаше некој софтвер стар 5 години, модел 7 години, па не наоѓаше никаков сателит. После тоа успеав да го средам да наоѓа сателити, ама мапите кои можеа да се инсталираат беа без ниедна улица во Скопје. Јеботе ГПС-от. Апдејти нема, не подржува, а спор беше ко виндоус 7 на пентиум 3-ка.

Така да внимавај што купуваш.
Мислам дека не вреди да си играш за ситна пара :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: GPS уред
« Одговори #6 на: 29 Мај 2015, 22:14:48 pm »
koлку ме мрзеше претходно да објаснувам, а уствари сакав истово да го напишам од А до Ш... прегревањето а батеријата е на прво место...

и никако гпс уред неможе да биде исто што и мобилен телефон... на дневна база во овој период од годината имам барем 50-тина повици кон мене... секој повик би значело што...? и после секој повик јас треба да се јабавам и да сетирам одново...

ми цркна овој што го имав, гармин, со 7-ца екран... денес и официално го удавив во егејот... значи би прифатил и 5-ка екран, прифатливо ми е и тоа... гледав некои гармини лево десно, се движат сите помеѓу 4.500 и 5.500...

половен, би земал, зашто некако не ми се даваат пари сега во моментов, за тоа, непредвиден трошок нели? али знам што треба да гледам и одберам...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: GPS уред
« Одговори #7 на: 29 Мај 2015, 22:16:51 pm »
@sale:

има некои ствари со горенаведеното со кои не се слагам...

-телефонот никогаш не ми се прегреал. па дури и кога идев за Албанија, GPS навигацијата беше активна цели 8 и пол саата, и не ми се исклучи. не знам какви телефони сте користеле, за да ви се случи тоа...
-на полнач не мора да стои цело време, може во моментот кога ќе ти ослабе батеријата, тогаш да го ставиш. на тој начин нити штетиш на телефонот, нити на батеријата (иако мене ми беше цело време уклучен, па никому ништо).
-за да не ти се деси моментот да ти зазвони некој, ќе си го ставиш телефонот у offline/airplane мод, и тој проблем е завршен.
-човек што работи со телефон, нема само еден телефон, има два најмалце. ете, еден да речеме дека ќе биде зафатен со навигација, вториот е секогаш слободен.
-да купам за околу 4000 некој уред, што има помал екран од мојот телефон моментално? не фала, на мојот телефон многу поубаво би ги гледал мапите и деталите околу тоа.

у последно време бар, мапите и GPS софтверот е толку достапен за телефониве, што навистина не гледам потреба од купување на посебен GPS уред.
тоа е мое мислење нели, кој како сака, така нека си прави.
« Последно менување: 29 Мај 2015, 22:25:57 pm KaZaN »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: GPS уред
« Одговори #8 на: 29 Мај 2015, 22:19:27 pm »
Ја почитувам одлуката на Онак (и останатите) што сакаат дедициран уред, и јас сакам во кола постојан уред, по можност интегриран со аудио системот. Ама не се согласувам со Сале околу телефониве.
Последното мое искуство е со 20ч во 2 дена возење, со цело време упалена навигација на телефон. Освен што треба да биде на полнач цело време (исто како и дедицираната навигација), други никакви проблеми.
Ниту заглавување поради прегревање, ниту проблеми при телефонирање (поврзан на блутут дивајсот во кола), ниту се губи ако ти треба да одработиш нешто друго на телефонот (во позадина си работи навигацијата без мака).
Башка есап, доста поедноставно е апдејтувањето на мапите, а ако имаш и дата конекција, добиваш и онлајн информации за застои и ограничувања по патот (во нормални земји). Телефонот ниту еднаш не ме однесе на погрешно место, секогаш како поминувам покрај знакот за ограничување, така веднаш ја менува на мапа макс. дозволената брзина, ниту еден излез од автопат не промаши. Значи нема маана.
А тоа дали ние сме единствените паметни Македонци, за тоа може да посведочи бројот на софвери за навигации за телефони и нивната популарност и постојан развој. Да беше само за македонци, тешко дека ќе постоеше толкав наплив на телефонски апликации од сите можни релевантни компании кои се занимаваат со навигациски системи.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: GPS уред
« Одговори #9 на: 29 Мај 2015, 22:24:29 pm »
^го спомнав моментот offline/airplane мод, чисто од причина што немаат сите колу bluetooth у кола нели (што е мноогу добра работа). генерално, истото што го кажав/сакав да го кажам... :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: GPS уред
« Одговори #10 на: 29 Мај 2015, 22:33:04 pm »
Телефон на поставен на место на навигација не ви прегрева во сред лето?
Браво за вас. Изгледа користите некој ултра телефони.
Изгледа ајфонот е тешко срање, штом оверхитид ми покажува. Ај тој, ама и ајпадот, на кој малиот гледа цртани, а не е изложен на сонце.
Ај тоа, ајфонот, него и андроид телефоните ми јавувале проблем со оверхитид, како на пример ЛГ, Самсунг и Алкател.

Симо.
Ако има милион апликации за навигација, тоа не значи дека треба да го користиме телефонот како навигација.
Точно е дека нема навигацијата од телефонот да те излаже или однесе на погрешно место. Мапите се исти. Гармин си е гармин, Том Том си е тоа, Навигон, ајго итн итн.
Мене ме имаат навигациите однесено во спротивна насока 3 пати досега во Белград, еднаш во Солун, додека пак во странство не сум имал такви проблеми. Поточно Белгија, Германија, Франција, Италија.

Казан. АКо работам и ако треба да го префрлам телефонот во ерплејн мод, кој ке ме добие на тој број???
Два броја ако имам, потребни ми се и двата. Трет да носам за навигација, ма какви. Ниеден телефон нема да истера со батерија како што ке си истера навигација.
Екранот воопшто не ми е проблем. Сосема доволни се големините на екран што ги имаат уредите.

Верувам дека сите сте шетани, па сте влегле и во големите маркети за електроника по европскиве држави. Се надевам дека сте виделе колку ГПС уреди се продаваат.

И Симо, да ние сме македонци.
Сакаме телефонот да ни е замена за фото апарат. Сакаме телефонот да ни е замена за ГПС. Сакаме телефонот да ни е замена за Видео камера. Сакаме телефонот да ни е замена за компјутер. Сакаме телефонот да ни е замена за таблет.
Е па македонци сме, многу сакаме.
Телефон е телефон.

п.с. Не се тревожете, секој си има свои лични сваќања и убедувања.
Но во потполност се слагам со онак дека ГПС си е ГПС.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: GPS уред
« Одговори #11 на: 29 Мај 2015, 22:38:45 pm »
ова некако ми се смота во глава сега...

Ако има заинтересирани за samsung galaxy tab 4 7.0''

1.2GHz Quad-Core processor
1.5GB DDR2 of system memory
7.0" touchscreen, 1280 x 800 resolution

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


НОВ НЕОТПАКУВАН со гаранција

цена 7500 денара (9500 е од т-мобиле)

значи поентата поради која барам уред само за гпс е затоа што одамна одлучив да користам телефони со 2 сим картици, само за да не м’кнам 2 телефони нели...

второто е што и со мотор патувам надвор од македонија, а од немачка купив торбица за на резервоар која има специјална горна преграда, во која можеш да туриш до 10 инчен гпс и ке работи тачот преку таа фолија.

е сега... самсунгов... му грее ли батеријата и општо таблетот цел... читав спецификации нема за сим картица слот (што ми одговара нели), брз ли е, респондивен ли е, итн итн... ај од тука упатениве нека кажат дали ке заврши работа таблетов... плус уште поише ми одговара што е таблет.. кога ке стигнам кај што сум тргнал, ке имам и уред за конекција со светот (скајп, вибер, мејлови итн итн) немора лаптопот да го влечам со себе... има ли мапи за ова доволно точни и прецизни? можеби ви звучи глупо, ама јас стварно немам појма за андроид и вакви уреди да ги користам како гпс-и затоа што до вчера користев исклучиво од гармин, втор гпс уред ми е во животот... али ако му грее батеријата, ништо од муабетот... зашто на мотор, во торбица СО НУЛА ПРОТОК НА ВОЗДУХ, ке се стопи, т.е. нема да додржи повеке од 1-2 саати и ке се изгаси заради прегревање...

и има ли за ова тастатура со футрола?
« Последно менување: 29 Мај 2015, 22:44:21 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: GPS уред
« Одговори #12 на: 29 Мај 2015, 22:44:44 pm »
@Salem, Е па изгледа индустријава на смартфони решила да ни` удовољи на нас, македонците, па праат добри уреди со одлични камери, фотоапарати, солидни процесори и добри екрани ;)

BTW, навигацијата сум користел на Lumia 920, претходно на Lumia 820 и пред тоа на Iphone 4s, 3GS и некој HTC (со windows 6.1 ос).

Инаку, сега кога бев во DE, се загледав во промотивните понуди на Garmin, поефтиниот со помал екран за 120е и поголемиот за 140е, со лајфтајм апдејт на мапи. Но решив дека ќе „бркам“ 7“ мултимедијален даблдин уред со GPS.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: GPS уред
« Одговори #13 на: 29 Мај 2015, 22:51:29 pm »
@onak

Апликации има одлични, со секојдневно апдејтирани мапи, само треба да се распрашаш некој што го користи уредот како е со GPS приемот. Имам користено телефони кој им требало еден век да фатат сигнал од сателит и се мачат и забегуваат, а некои веднаш фаќаат сигнал кој е доста стабилен и прецизен.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: GPS уред
« Одговори #14 на: 29 Мај 2015, 23:09:24 pm »
@sale: моментот со offline/airplane мод го спомнав чисто идејќи по моја логика, размислувања и пракса. затоа и доле пишав дека секој си тера со своја мака, секој си одлучува што сака и како сака да прави.

од логика: ако човек работи со телефон, сигурно има повеќе од еден број. ти ако очекуваш клиенти да ти се јават на мобилен, сигурно ги знаат двата броја, па ако не на едниот, ќе те добијат на другиот. ако тебе ти е мака да мкнеш 2-3 телефона или колку и да се, на некој не му е. не мора одма тоа да се наведува како негативна страна. секој човек е со различни потреби и мислења. јас кога одам некаде и го користам GPS-от на телефонот, го користам токму на овој начин. ако некој сака да ме добие, ќе ме добие на другиот телефон што е со мене во моментот. на крај краева, ќе застанам бе 2-3 па и 5 минути, нели SAFETY FIRST....

околу батеријата, мене лично, ич не ми е мака ако го ставам телефонот цело време на полнач, или во текот на патувањето да го уштекам 2-3 пати.

у поглед на големината на екранот, гледам дека повеќето поевтини нови навигации се со екрани помали од 5 инча (зборам повеќето, нормално има исклучоци). моментално телефонот што го користам, воопшто не е некој УЛТРА, МЕГА, ГИГА фенси уред, туку Sony Xperia T3. средна класа на телефон, ништо посебно, ама екранот е поголем од ПОВЕЌЕТО евтини уреди за навигација. тоа конкретно, ми е мене плус.

во ниту еден момент, дали било сo GPS или со играње игрици, не ми се десило да ми се прегрее. btw, GPS сум користел на многу телефони. последните неколку биле HTC Windows Phone 8S (кога одев за Албанија), HTC Desire, HTC Sensation па еве сега на Xperia T3 (не ги спомнувам старите уште на Symbian платформа). Никогаш, ама баш никогаш не сум имал проблеми со прегревање.

и пак викам, твоето искуство и моето искуство се сосема две различни работи. секој со својот есап.
« Последно менување: 29 Мај 2015, 23:17:34 pm KaZaN »