nüvi® 50 Adria
*Инсталирана најнова карта AdriaRoute 4.1
** Доколку барате само голем 5"дисплеј за пристапна цена,немате потреба од карти надвор од МК, Албанија и Поранешна Југославија, тогаш ова е добар избор
Одличен навигатор да го започнете Вашето патување,
модел од 2012 line up GARMIN NÜVI®
Покриеност со детални мапи: карта AdriaRoute 4.1, територија на поранешна Југославија+Албанија.
5" екран, гласовна навигација, Каде сум функционалност?, фото-навигација, можност за навигација за пешаци и многу други опции
Промотивна цена 5480.oo денари.
@ 24 месеци гаранција!
чекај сега да прашам нешто... овој има вградена нај нова мапа од албанија и бивша сфрј... дали тоа значи дека можам да му менувам мапи или е заклучен за такви зафати? овие што ги контактирав што продаваат гпс уреди, СИТЕ ДО ЕДЕН се испотепаа да ме убедат дека имаат нај нови мапи, кои квартално се менувале т.е. се надополнувале, а тоа значи, дека 4 пати годишно се правеле апдејти на мапи... искрено, мене тоа ама баш не ми значи многу, бидејки во оној што го потошпив во егејот, имаше мапи од 2011, и си работеше сосема солидно, прецизно и точно. не се десило да ме изака некаде, да се изгуби и слично.. тие апдејти на тие мапи на секои 3 месеци се веројатно за некои мали улички... и ако убаво ги сватив, кршат патлаци убедувајки те да купиш од нив, само со тој факт, дека ОНИ ИМААТ НАЈ НОВИ МАПИ... ок... како што гледам по нетов, можам да симнам ете дури и од пајрет беј мапи од март 2015 година... ке ги симнам, но дали ке можам да ги вградам.. знам дека можеше максимум 3 мапи да туриш во гарминот.. е сега, тие 3 мапи може да бидат и комбинирани.. на пример, балкан (мк, гр, србија, албанија, косово, бугарија) како една мапа, па нагоре друга мапа итн итн...
можам ли да мењам или не?
@smole? ти рече дека го имаш нај основниот.. претпоставувам дека и твојот не е со лајф тајм надградба на мапи... и кој модел уствари го имаш ти?
едит.... да се надополнам само.. значи сите оние еден куп гаџети што ги пишуваат по другиве навигации.. се тоа на К не турам... колку што сватив, ако во мапата има инсталирано ограничувања на брзини, ке ти титка и уредот или барем ке ти пишува колку е лимитот.. тоа нема врска со кој уред е.. незнам таму гласовно водење, незнам лоцирај ме кај сум, и дрн дрн дрн други глупости... ништо не ми значи тоа.. мене ми треба само навигација за да ме насочи кај сум тргнал... ок, брзина да ми пишува колку е дозволено... точки на интерес, ништо не ми значи исто така... само кога ке му вкуцам адреса, да ме однесе, прецизно и точно... за се друго имам очи да видам што ми треба... а бидејки и на мотор ке го користам, тогаш ни гласот нема да му го слушам...
значи ако може некој да одговори на овие прашања:
прецизен е?
брз ли е на промена ан рута?
може ли да му се сменат картите или е фиксен?
ако се сите 3 да, утре го зимам овој дефинитивно...