Извинете, ама не можам да се сложам со вас дека DS не може да биде конкурент на Lancia. Може, и те како.
Искрено, новата Delta не ме импресионирала нешто посебно. Нит со дизајн, нит со финална обработка, нит со материјали.
DS4 сеуште не сум возел, но импресиите од новиот C4 ми беа страшно позитивни. Разликата во финална обработка и користени материјали во однос на претходниот C4 е огромна, дури неспоредлива. Од DS4 имам големи очекувања, и мислам дека во секој поглед ќе биде подобар од сегашната Delta.