Повеќе од очигледно е дека ваквиве теми особено на форумов ке останат вечно недокажани,недообјаснети,неразрешени.
Секоја тема мора да биде и да заврши со хејтерски и пристрасни муабети за еден или друг бренд.
Зошто едноставно не оставиме секој да си го почитува брендот кој го поседува,без да го напаѓаме и го убедуваме во спротивното.
Очигледно е дека на таквите муабети нема крај.
Што се однесува на дуелов мислам дека е очигледен победникот,зошто моето мислење е дека француските брендови и не се баш омилени на форумов и општо меѓу народот,поготово нашиов.
Јас лично подолго време возам француско возило и сум презадоволен,а невикам дека не би бил задоволен од било кое друго возило.
Мислам дека е глупаво,лудо,тврдоглаво сега да убедувам било кој,дека француските возила се најдобри,најубави,најиздржлив и незнам уште какви други глупости.
За мене ова возило што го поседувам ми е најдобро,едноставно зошто е мое и убаво се чуствувам кога ќе седнам,ќе го запалам и ќе го повозам,и никој на светов неможе да ме убеди дека моето возило нечини,а богами никого несакам да убедувам дека неговото возило од било која причина нечини.
Незнам која би била логиката да има толку производители на возила доколку само еден или два производители се најдобри,во тој случај секој ќе сака да го поседува најдобриот бренд и крај на приказната,другите производители нека ги затворат фабриките.
Неможам да се изначудам на некој луѓе кои слепо и тврдоглаво бранат само еден и единствен производител и упорно се трудат да ги убедат другите дека тој бренд е најдобар и дека сите би требало да го возат,мислам дека тоа е лудо.
Секој има право на свое мислење и свое гледање на работите,има право да го одбере тоа што тој мисли дека е најдобро.
Тука сме да разменуваме мислења,да си помагаме,да ги кажуваме своите проблеми,добри и лоши работи за своите миленичиња на четири тркала а не да се докажуваме кој е подобар или најдобар.
Ај доста е,да не го тупам многу и така више ептен го затупив,сепак ова е само мое гледиште на нештата немора да биде ничие!