195k km - скоро 9 илјади километри поминати у последниве три месеци
Голфот почна да работи на повисоки вртежи на ладен мотор, па по одредено време се враќаше у нормала. Исто и радиото се ресетираше на палење и целата инструмент табла трепкаше при палење. Немав друг проблем со палењето иначе.
Испадна дека акумулаторот е престарт, т.е од 7 месец 2008 година.
Стариот и фабрички Варта 44 ah заменет исто со Варта 52ah, кој ги содржи сериските броеви според моделот.
Се изненадив дека стариот истера 10 и нешто години.
Одма осетив посилно палење, појаки светла и нема намалување на осветлување при стоење у лер.
Доколку некој има слични симптоми, нека си прегледа производство на акумулатор, пошто кај мене при мерење со мултиметар не вадеше премногу лоши резултати