Мал апдејт, не толку голем во надградби, повеќе у километража.
Бев на одмор со голфот од 20ти јули до 11ти август во Македонија. Удрив мушка тура од 1700 км од Швајцарија до Македонија, па после до Грчка на одмор, нешто низ Македонија и пак назад до Швајцарија.
Биланс: извозени 6000км у три недели. Моментална километража е 174к км. Да чукнам у дрво сега за сега се е во ред, нема потрошња на уље никаква од сервис до сервис, само бензин и вози..
Прво, пред да тргнам за МК, не ме држеше место да го возам со 10-40 уље, па си нарачав по нет комплет со филтер, пак напраив сервис со лонг лајф уље за да си возам раат:
Сменето и сега сум раат наредни 15-30к км. Исто извршив и проверки кај нас у врска со подвозје, кочници и се е у тип топ состојба..
За жал, имав мала незгода за назад низ Србија каде ми пукна предното стакло од камен. За среќа не се прошири до дома па одма го пријавив у осигурање и го санираа у брзо време..
По пат цело време го возев со просек од 140-160 и морам да кажам дека ТСИ-во се покажува доста солидно. Си нема мука, тивок е и доста рафиниран. Потрошња не пазев но ко што видов после цел пат дека се движи околу 7 литра.
Пост без слики не бидува:
Ова кога тргнав, ке ме убиеше времево дур не излегов од Швајцарија:
Нешто низ Италија:
Домашна:
Ова е више за назад. Исто овде се гледа што штета каменот ми напраи ( горен лев дел )
До следно пишување...