Автор Тема: VW GOLF 5 TSI  (Прочитано 51708 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #105 на: 26 Август 2017, 23:15:54 pm »
Зашто истите таблици со нисанот ги има и голфот?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #106 на: 27 Август 2017, 00:30:23 am »
Зашто истите таблици со нисанот ги има и голфот?

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Може да се има две возила на исти таблици. Тоа значи едно осигурање и еден данок за патишта ( обично на поскапата кола ).



Sent from my iPad using Tapatalk

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #107 на: 27 Август 2017, 10:04:40 am »
Дали е сменет менталитетот за (не)возење дизел возила во Швајцарија?

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #108 на: 27 Август 2017, 12:32:53 pm »
Дали е сменет менталитетот за (не)возење дизел возила во Швајцарија?

Претежно се возат бензинци поради што имаш поефтино осигурување, цената на бензин и дизел е иста и во поново време потрошувачката е горе-доле иста.

Друго е што сите нови дизели загадуваат малку ради нови технологии као ДПФ филтри и останати еко заебанции. Еден пример е газдата мој со БМВ 5ка кој што мора да менува некоја течност на неколку години која што ги филтрира штетните дизел честички. Значи законски се приморани да се менуваат тие филтри и други делови, иначе нема регистрација.

Во последно време гледам и доста електрични возила.

Сума сумарум, свеста за средината е голем и доста пари фрлаат на тоа. Се надевам дека ќе одлучат да ги банираат дизел возилата у следниве декади. Кај мене на работа дури ни организираат наградна игра ако доаѓаш без кола.


Sent from my iPad using Tapatalk

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #109 на: 09 Мај 2018, 22:40:49 pm »
Неам пишано одамна, па се собраа некои работи па да ги пишам. Моментално изминати 182к км, малку послабо го возам у последно време. Се здебелив па морам со точак на работа :)

Купив резервно тркало, пошто моделиве тука не доаѓаат со резервно тркало.  Исто и момент клуч за да не ги стегам ко сивоња ко мењам зимски/летни





Купив сензор за авто светла и го уградив. Прилично едноставно и доста корисно. Од кога го инсталирав сензорот, не ги имам чепнато светлата. Исто така одамна имав активирано ДРЛ, така да сега се совпаѓа со сензорот. Преку ден светат само средните на 92% светлина, додека навечер се палат сите останати (внатрешно, задни, позиции).







Купив нови брисачи BOSCH, предни и заден.

Негде у Јануари комшијата у гаража ми го собра на паркирање. За моја среќа само лајсната беше изгребана. Ја однесовме на авто лакер и ја средија само лајсната. Возев неколку дена вака:






Во Јануари морав да го носам на технички, па морав да се нафатам еден викенд да го светнам внатре и надвор. Моторот го чистев со крпа и спреј за чистење мотор (заврши работа и немаа коментар за тоа). За моја среќа, помина на технички без никаква замерка и сега сум раат наредни 2 години.

Некои слики кога го спремав за технички:







Моментално само се вози и нема нешто новости. Летово планирам да направам поголем сервис, да сменам улје во мотор и мењач, глицерин, антифриз и најверојатно задни дискови и гуртни (прошлите почнаа да цвичат)

Некои рандом слики:



Овде понежната половина вежба паркирање







До следно пишување...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #110 на: 10 Мај 2018, 07:54:08 am »
Дај објасни ова со сензоров за светло повеќе од каде го зема сакам јас да си наместам за голф7 и дали тоа жицата каде што е сензорот штрчи многу или може некако да се скрие. Кај мене кога е на 0 ДРЛ си има си светат предните само.

edit го нарачав од алиекспрес за 24 еур  :D се надевам дека ќе работи добро. Има сетинзи да наместиш после колку секунди да се уклучат светлата ако си во тунел, имаш каминг хоум и кастомизирање на сензитивноста. Ај да видиме.
« Последно менување: 10 Мај 2018, 09:53:48 am vlatko.klp »

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #111 на: 10 Мај 2018, 13:21:16 pm »
Дај објасни ова со сензоров за светло повеќе од каде го зема сакам јас да си наместам за голф7 и дали тоа жицата каде што е сензорот штрчи многу или може некако да се скрие. Кај мене кога е на 0 ДРЛ си има си светат предните само.

edit го нарачав од алиекспрес за 24 еур  :D се надевам дека ќе работи добро. Има сетинзи да наместиш после колку секунди да се уклучат светлата ако си во тунел, имаш каминг хоум и кастомизирање на сензитивноста. Ај да видиме.

И јас нарачав од али експрес. Прекидачот треба да ти има ауто опција, ако нема твојот ќе мора и тоа да купиш. Јас купив за мојот одамна пошто стариот беше тапа. Иначе овој сензор се приклучува на прекидачот и у суштина кабелот што оди до прекидачот се прикачува на сензорот. Делува као мост и од тука жицата се пушта преку кутијата со осигурачи.

Кабелот лесно се протнува низ крајот на таблата. Доста е мека така да со едно пенкало ќе го изгураш и не се приметува ништо.
Единствено е сензорот што се гледа на крај, али ништо страшно.
Еве едно видео по кое работев: https://www.youtube.com/watch?v=ZIe7PMVcyMg&t=

Ова е за голф 5-6. Би требало да биде слично и за 7мица.



Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #112 на: 20 Јуни 2018, 11:19:36 am »
Дечки ми треба ваше мислење и помош..

Имав мал проблем кој се реши сам од себе, но се сомневам у издувниот систем. Пред некое време нешто се изглупирав и стиснав нагло у прва брзина (до кај 5000 рпм) и брзо променив у втора (нормално со нагло пуштање на квачило) и наеднаш колата изгуби снага..
У суштина мислам дека после тоа турбото не функционираше, пошто не слушав ни звук ни ништо. Си продолжив да возам исто ко да возам атмо од 75 коња. Се паркирав дома и реков ќе зирнам утредента што се дешава.

Влагам у кола утредента, палам и слушам јак звук низ ауспух, ко да се откачил задниот дел и тракоти ко да има некое слободно метално парче внатре. Зирнав под кола и гледам све е во ред. Исто не влечеше, не шушкаше турбината и беше доста побучен. Возам едно 5 минути и одам накај механичарот мој и наеднаш се врати се у нормала..Го снема гласниот звук, турбината почна пак да шушти и се поврати снагата.
Го стаивме на дијагностика, немаше ништо грешки и механичаров не знаеше што да праи. После тоа го возам недела дена и се понаша се во ред.

Има некој идеја што може да биде?

Јас помислив да не е запушен катализаторот или некој дел од ауспухот, пошто и извесно време побучен ми е издувниот систем а визуелно нема никакви дефекти. Исто ако го остаам некоаш на паркинг да работа у место, се осеќа миризба низ ауспух (као што прочитав, може да биде индикација за готов катализатор)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #113 на: 24 Август 2018, 10:38:03 am »
Мал апдејт,

Моментална километража: 191264км
Напраив пак сервис, при што променети се:
 - Улје и филтер - Кастрол Еџе 5w30
 - Филтер за воздух
 - Клима филтер
 - Задни дискови и плочки - Феродо
 - Течност за кочници/глицерин - Кастрол исто
 - 4 летни гуми - Овој пат се одлучив за Континентал, поточно Конти Премуим Контакт 5. Првично искуство е дека се помеки од Мишелинот. Мишелинките ги променив поради што почнаа да ми ствараат бучава као да е некој лагер расипан. После проверка на мајстор испадна дека гумите го произведуваат тој звук. Според калкулациите, со нив сум поминал преку 60к км, а имаа уште 4 и нешто милиметри.
 - Затемнети задни прозори со 50% клима фолија. Ме реметеше сонце на автопат, па решив барем патниците да ги спасам
 - Среден преден браник, имав мала незгода у Италија, возев позади Шкода Октавија и му се откачи раткапна и за среќа удри само во браникот и предната решетка и направи неколку гребаници
 - Исполирана цела кола

Некои слики, од деловите па и од колата



После монтажа на фолии и полирање








И една за крај, малце бев зафатен летово  8) 8)



До следно пишување...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #114 на: 24 Август 2018, 10:49:38 am »
Честито! :D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #115 на: 24 Август 2018, 13:36:36 pm »
Да си се ќердосате! :)
New blood of old school

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #116 на: 24 Август 2018, 16:28:05 pm »
Фала дечки :)

Отсутен nikolaben

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 881
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #117 на: 24 Август 2018, 18:52:45 pm »
Честит брак :)
За голфот немам збор, пристојно количе, наскоро ќе го претставам и мојот 1.4 fsi 90кс

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #118 на: 24 Август 2018, 19:20:24 pm »
Честитки!

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: VW GOLF 5 TSI
« Одговори #119 на: 24 Август 2018, 20:08:40 pm »
Честито. Кај ти е тебе Мекларенот? ;D