Баш дека има снага, треба помалце да се мачи при одржување на брзината(ова е особено битно за на стража на пример), како и при крузање со 80 до 120 по автопат, обртаите треба да бидат многу ниски при 6та брзина.
Јас мислам дека после прв сервис ќе се покаже реалната потрошувачка што ќе ја има колата.
Можеби. Бројките ќе кажат. Се под 9л/100км комбинирано, без пазење е за мене одлична бројка, имајќи го во предвид капацитетот на моторот и типот на возилото.
Да бе веќе 3л на 100 да троши.... Нема врска. колата има повеќе „железо“ што мора да го тркала на 60-70 на саат, почнувајки од клипљачи, преку радилици, мењачи, па до бандаши, ако ја занемариме тежината на самото возило. Ова „железо“ (тежина) помага да не се распадне моторот кога ќе ги употребиш 230-те коњи. Меѓутоа трејдоф е (нешто) поголема потрошувачка во однос на послаб мотор при тие брзини.
3л/100км, ако ја возам по удолнина, со исклучен мотор.
Шега настрана, напоменав пред некоја недела - идејата ми беше (и уште е) мапирање на потрошувачката на (еден единствен) TSI мотор во реални секојдневни услови, со цел добивање на повеќе информации и чекор повеќе кон разбивање на митови од типот "како ламја троши".
Кога размислував за ова возило, податоците за реална потрошувачка на TSI мотор беа многу тешки за наоѓање. Се надевам дека ова ќе помогне некому.