Автор Тема: Мондео vs Инсигниа vs 508  (Прочитано 35641 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #135 на: 17 Април 2015, 13:06:03 pm »
Јас имам возено различни големини на возила во различни класи и различни мотори (имам и други возила возено во семејна сопственост, но ова биле мои и сам сум ги бирал при купување).

5 врати хеч со атмо бензин/плин 103 кс, едвај опрема, купен со 120ккм оставен со 170ккм
- маани: недостаток на серво и клима ја прави лоша долгорочна варијанта,
- предности: ванила варијанта, евтино одржување, евтино возење, за прифатлив конфорт и перформанси

5 врати седан голем турбо дизел 150кс, многу опрема, купен со 34ккм оставен со 75ккм
- предност: долги релации, пријатно и лесно крузање, простор на задна клупа (кој за жал бил предност во само 1000 км извозени од целото имање на колата), товарен простор
- маани: маневрирање во урбани средини, скапо одржување и поправки, потрошувачка

Караван во средна класа мал турбо дизел 106 кс, прилично опремен, купен со 0км оставен со 95 ккм - предност: товарен простор, потрошувачка маани: мизерни возни особини кога има малце поголем предизвик на пат (товарен, угорнини со кривини), не така добри динамички возни својства заради малце товарен стил на суспезнија, накај поскапо редовно одржување

MVP со мал турбо бензинец 122 кс, прилично опремен, купен со 0км оставен со 40ккм
- предности: простор товарен и простор на задна клупа, добри возни својства заради широкопојасен тб, полесно се маневрира од караван
- маани: не така добри динамички својства како хеч или лимо, не се става плин па за оние кои не можат да се помират со 8л/100 град е тешко да го преболат.

3 врати хеч голем турбо дизел 140 кс, малку повеќе од само клима, купен со „крхко је знање“ ккм и извозени 50ккм

- предности: перформанси, динамички возни својства, маневрирање во урбан простор, одлична варијанта за мали деца кои би сакале да си играат со задни врати и прозори (кои ги нема)
-маани: ограничен багажен простор кој највеќе смета во случај на детски колички точак за во парк и слични реквизити кои мораат заедно со патниците да се најдат позади(ова со едно дете би прошло до некаде), скапо редовно одржување.

Сите коли одржувани според препораките на производителот во погледн на избор на потрошен материјал и интервали.
Имам и туле сандак кој го возам во сите варијанти на возила.

Како сум ги употребувал? 25-30ккм годишно - Град, град град... излет, град град, прошетка... одмор(1500+ км)... службени патувања од по 6-7 саати во тура 10-12 годишно (вкупно 24 релации по 600-800 км).

Што би одбрал да семнам кола а имам ограничен буџет?

5 врати хеч со најдобриот турбо мотор (повелкува при пониски вртежи и има повеќе кс/кг во максимални перформанси) кој можам да си го дозволам, со највеќе безбедносна опрема.

Да не се залажуваме, едно од најдобрите работи за удобно патување без стрес се токму добрите перформанси.

Што би одбрал ако сакам седан (веројатно ова би го направил само ако имам доста екстра пари за трошење и приватен паркинг)?
Не би купувал коли во класата на ford, vw, opel, peugeot, citroen евентуално би се загледал во mazda и honda и нагоре, при тоа перформанисте би ги држел барем на ниво на 10кg/кс и 9s 0-100.

Ако имам екстра паричка (10-15% од замислениот буџет)за ќеиф:
-Не би давал пари за: 5 зонски клими, панорамски кровови, паркинг сензори, фабричка навигација, темпомат..

-Би дал пари за: подобра вантрешност, ксенон, старт-стоп,  подобри тркала/гуми, подобрена суспензија како опција. За автоматки менувач немам донесено пресудно мислење, уште сум на пола па веројатно би дошло после овие последниве.

При рака би чувал  Туле сандак и багажник за велосипеди, евентуално додаток за скии ако ми треба за дневни тури иако и со сандакот добро одело бидејки монтажата трае 20 мин комплет.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #136 на: 17 Април 2015, 13:08:40 pm »
а бе доволно е 115 кс ама 150 е подоволно

-.- ... А 500 кс е најдоволно, ама за на трки...
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #137 на: 17 Април 2015, 13:17:48 pm »
Коментар на Зеро во врска тестот со Волво В40 Д2 кој што го има истиов овој 1.6 115 коња мотор и пази, е за 75 кг потежок од Пежо 508.

Цитат
Нашиот тестен модел дојде опремен со 1.6-литарски турбодизел агрегат со 115 коњски сили кој ја носи ознаката D2. Покрај овие 115 коњски сили, D2 агрегатот нуди и околу 270 Nm вртежен момент, а тоа го прави движењето со овој автомобил прилично лесно и пријатно

И после не бил доволен за во град за нормално возење, папучата за гас до под итн. или на отворено нема да тргнел  :)

Нека ти каже Зеро дали би го возел ова или би останал на своето Голфче. Остај ти муабетите за сенародни маси. Оди на некој сајт кој е надвор од балканов и погледни од гамата мотори за моделот кој го препорачуваат,  а кој да го избегнуваш.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #138 на: 17 Април 2015, 13:38:31 pm »
Зеро треба да е луд да каже дека би го сменил својот Голф со 1.6 хди 115 коња па нека биде и во Волво. Тоа не е поентата на темата. Тој што ја креирал темава побарал помош за веќе однапред одбрани мотори а тука имаме солење памет како 2.0 е подобар. Па сите тоа го знаеме. Но секој има различни потреби. Јас кога бирав Меган 1.5 дци 105 коња или 1.9 дци 120 коња се решив за овој вториов и нормално дека не жалам за одлуката. Ама 1.6 е многу далеку од тоа што ти и и неколку членови го правите како 1.4 мпи бензински мотор особено во градски услови.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #139 на: 17 Април 2015, 14:03:35 pm »
Коментар на Зеро во врска тестот со Волво В40 Д2 кој што го има истиов овој 1.6 115 коња мотор и пази, е за 75 кг потежок од Пежо 508.

Цитат
Нашиот тестен модел дојде опремен со 1.6-литарски турбодизел агрегат со 115 коњски сили кој ја носи ознаката D2. Покрај овие 115 коњски сили, D2 агрегатот нуди и околу 270 Nm вртежен момент, а тоа го прави движењето со овој автомобил прилично лесно и пријатно

И после не бил доволен за во град за нормално возење, папучата за гас до под итн. или на отворено нема да тргнел  :)

Нека ти каже Зеро дали би го возел ова или би останал на своето Голфче. Остај ти муабетите за сенародни маси. Оди на некој сајт кој е надвор од балканов и погледни од гамата мотори за моделот кој го препорачуваат,  а кој да го избегнуваш.

Секако дека би останал на 140 коњи, и не само ради тоа. Мене лично повеќе ми одговара и ми се свиѓа Голфот. Ама тоа се моите потреби и сфаќања. На човек што не бара кујзнае-какви перформанси, 1.6 хди со 115 коња ептен добро ќе му заврши работа. Еве - на татко ми, човек на полни 71 година одлично би му завршиле работа 115 коња. И да, вртежниот момент си го прави своето.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #140 на: 17 Април 2015, 14:20:25 pm »
Зеро треба да е луд да каже дека би го сменил својот Голф со 1.6 хди 115 коња па нека биде и во Волво. Тоа не е поентата на темата. Тој што ја креирал темава побарал помош за веќе однапред одбрани мотори а тука имаме солење памет како 2.0 е подобар. Па сите тоа го знаеме. Но секој има различни потреби. Јас кога бирав Меган 1.5 дци 105 коња или 1.9 дци 120 коња се решив за овој вториов и нормално дека не жалам за одлуката. Ама 1.6 е многу далеку од тоа што ти и и неколку членови го правите како 1.4 мпи бензински мотор особено во градски услови.

Мислам дека споредбата тука коректно ти беше направена дека таков мотор во таа кола е исто како и 1.4 MPI во класа подолу. И на татко ми со 75 години сосема ок му е 1.4 MPI во Nissan Note. Ама нема резон истиот перофрмансен сетап да го имаш за кола во погорната класа. Особено затоа што таа класа повеќе ќе ја товариш, и уште повеќе ќе ти се одразува на искуството во возење отколку кога ќе го натовариш малово со 1.4 MPI.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #141 на: 17 Април 2015, 15:01:31 pm »
Самата компарација на атмо. бензин со современ турбодизел ти е погрешна оттаму и она што го имаш напишано. И не, неможеш да правиш споредба на современ комон реил турбодизел и праисториски мпи бензиски мотор. И не, тоа не е истиот сетап за погорна класа зошто неможеш да влечеш паралела. Детски муабети. Исто како јас да кажам сега дека 1.4мпи во Поло е ракета во споредба со Голф 1.4 мпи кога и двете коли се тиња. Но 1.9 сди во Ибица (помала класа) и Голф 5 имаат многу слични перформанси затоа што е дизел (иако атмосферски) и има моќност каде што тежината не е толку значаен фактор особено во градски услови. Пак и оваа компарација е глупа ама ајде колку да ти покажам каде грешиш.  За мене е маалски муабети, искрено.

Друга работа. Не е ни приближно исто да го ставиш 1.6 хди во ист кош како 1.4 во една класа подоле.  Рзлични технологии, различни времиња. Таа тежина како огромен и единствен ваш аргумент е погубен зошто зборуваме конкретно за дизел кој што има поголем вртежен момент кој и тоа како го олеснува возењето во град. Таа класа можеби повеќе ќе ја товарам, но по стоти пат членот си кажа колата ќе се вози претежно во град. Современ турбо дизел со 270нм, 100 или 200 кг не прават голема разлика. Волвото дури и е потешко како што кажав од Пежото.

Изгледа заборавате дека збориме за мотори со турбо. Вашите искуства со атмосферски мотори не се многу релевантни.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #142 на: 17 Април 2015, 15:11:16 pm »

Ај малце олабај!

Никој не ти прави тука споредба на мотори и технологии. Туку зборува за тоа каково ќе ти биде искуството со голема кола и недораснат мотор, и зошто колку е поголема колата толку повеќе тоа влијае.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #143 на: 17 Април 2015, 15:28:34 pm »
Нема 1.6. Tе ги со 2.0 си се кај што треба. Сега еден колега зема 1.4 TSI, да не ти каже каков мотор е веројатно ќе мислисш дека со 2.0 TDI e.
Значи 1.4 тси е дораснат мотор за во Пасат на пример? (не дека не е, ама твојата логика вели првин да па сеа не).

Повторно го ингорираш фактот дека не дискутираме кој мотор е помоќен (тоа сите го знаат) туку која кола да му се препорача на човекот со веќе одбрани мотори кој што најдвеќе ќе си ја вози во град. Максималната сума му е 23.000 евра и за тие пари неможеш да земеш на пример 2.0 тдци Мондео кое што кошта 25.000. Некој спомна Пасат 1.6 тди 120кс за 23.000 ондак тоа би бил мојот избор, дефинитивно.

И ако не ти се дискутира до крај, ондак не шири дезинформации како 1.6 е грешен избор, и помогни му на човекот кој од тие три коли да ги одбере. Веќе знаеме дека 1.6 хди е сосема задоволен мотор во град, и би рекол повеќе од тоа. 

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #144 на: 17 Април 2015, 15:32:54 pm »
Мојата логика вели ако купуваш недораснат мотор 1.4 TSI е подобар избор  бидејќи даваш помалце пари а добиваш подобри пероформанси.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #145 на: 17 Април 2015, 15:44:55 pm »
И 1.4 тси и 1.6 хди си се супер мотори во согласност со едни умерени потреби. Подобри перформанси несоменено има 1.4тси,  поради поголема коњажа. Но тие реално би ги почувствувал највеќе на отворен пат а во контекст на темава колата ќе се користи 80% во град. Притоа добивам повеќе од задоволувачки 270 нм во градски услови (прва втора трета брзина) и цело време го користам односно имам достапност од максимумот на тие 115кс.

Да беше ситуацијава негде 50% град и отворено со не повеќе од 10-15.000км годишно поради значајната пониска цена на бензинецот, јас можеби би се одлучил на 1.4 тси/1.6тхп во споредба со 2.0тди/хди. 

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #146 на: 17 Април 2015, 15:52:01 pm »
Врати се на дискусиите за KS vs Nm.  Бендот на дизел моторот е помал од тој на бензинецот така да прва втора трета ако немаш ментална блокада дека мора да менуваш на достигнати вртежи наместо на достигната снага, нема никакво значење.

1.4 TSI 150 се споредува со 2.0 TDI 150 по крајни перформанси.

http://www.zeperfs.com/duel4469-5575.htm

1.6 TDI со 270Nm не нуди ништо особено повеќе од оние 250 Nm na 1.4 TSI. Но пак, тие Nm а гледани вон контекст на снага не значат ништо.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #147 на: 17 Април 2015, 15:56:09 pm »
Цитат
Ај малце олабај!

Никој не ти прави тука споредба на мотори и технологии. Туку зборува за тоа каково ќе ти биде искуството со голема кола и недораснат мотор, и зошто колку е поголема колата толку повеќе тоа влијае.
Више почнуваш сам себе да си правиш сопки   :D

Прочитај уште еднаш последно што напишав ако можеш објективно се разбира, и пиши ако си разбрал што кажав. Нормално, во контекст на темата.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #148 на: 17 Април 2015, 15:59:03 pm »
Ок, значи од сево ова заклучивме дека 1.6 дизел е најдобра опција, крај на муабетот...
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Мондео vs Инсигниа vs 508
« Одговори #149 на: 17 Април 2015, 16:00:10 pm »
Ај сега погледни ги перформанисте и сам кажи дали некој ти прави муабет за перофрманси или технологии?